Peugeot комплетно го снабди победникот на дрон-фестивалот во Франкфурт

Во луксузниот хотел Џумеира во Франкфурт се одржуваше големото финале на PEUGEOT Drone Film Festival 2021. Од вкупно 800 пристигнати дела, жирито го избра за победник филмот на Стефан Кушо. Францускиот синеаст доби целосен пакет од спонзорот Peugeot. 

Филмот насловен „FPV Drone vs Rollercoaster – Cinematic“ му донесе победа на Стефан Кушо на фестивалот на филмови направени од дрон во организација на Peugeot. На победникот, покрај 5.000 евра парична награда, му следи уште комплетен пакет за професионално дронско снимање со камера-мултикоиптер со студиски квалитет, а секако и Peugeot Traveller, во период од шест недели.

Во жирито се познати имиња од светот на германскиот филм, меѓу другото амбасадорките на Peugeot, Мари Бојмер и Катја Риман, како и носителот на награда Грим, Штефан Вагнер. Фестивалот годинава го подржаа Skydio, водечко име за автономни дронски снимки во светски рамки и луксузниот хотел Џумеира во Франкфурт.

Победничкиот филм „FPV Drone vs Rollercoaster – Cinematic“ прикажува вртоглав лет низ забавно-авантуристички парк. Стефан е режисер и видео-уметник, специјализиран за визуелни ефекти и за забавени снимки. Неговиот филм остави псоебен впечаток кај жирито со приказната, со водењето на камерата, како и со времетрањето на летот на дронот.

Сниматели од цел свет можеа да се пријават за фестивалот до 1-ви септември годинава, во категориите за пејзаж, приказна, спорт и експеримент. Годинава беше воведена и категоријата инстаграм. Услов е најмалку 50 проценти од филмот да се снимени со дрон.

PEUGEOT ÉQUIPE CINÉMA стартуваше во 2009 година и се поставува како стручен партнер за поддршка на филмски проекти. Првиот фестивал за дронски снимки беше одржан во 2016 година во Кастелфалфи, во Тоскана.

Страницата на фестивалот · www.drone-filmfestival.com

Победничкиот филм

Хотелот Џумеира во Франкфурт

>>> Новиот Peugeot 308 стартува во Франција од 24.800 евра

 

 

Претходна објаваПоследниот не-електричен автомобил во Норвешка ќе се продаде во 2022 година
Следна објаваСедумстотини илјади автобуски седишта од фабриката на Daimler во Ној Улм

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here