за

Седумстотини илјади автобуски седишта од фабриката на Daimler во Ној Улм

Фабриката на Daimler Buses во германскиот град Ној Улм произведе 700-илјади седишта за луксузни туристички автобуси од новата генерација.

Славеничките седишта ќе бидат вградени во луксузен туристички автобус Setra S 415 LE business што ќе биде дел од возниот парк на компанијата Klöpfer.

Автобускиот огранок на Daimler го започна производството на тековната генерација седишта за туристички автобуси во 2006 година. Се врадуваат две варијанти на седиштата, Interstar Eco и Transit, вклучувајќи и автобуси под марката Mercedes-Benz. Комфорните седишта од врвна класа се произведуваат во фабриката за автобуси на Daimler Buses во германскиот трад Ној Улм.

Подрачјето со површина од 5.000 метри квадратни во коешто се произведуваат седиштата се води како „фабрика во фабрика“, односно се наоѓа на вториот кат во халата за монтажа и со тоа е во непосредна близина на халата од којашто излегуваат готови автобуси.

Daimler Buses е најголем производител на автобуски седишта во Европа

Со 450.000 седишта годишно, Daimler Buses е водечки производител на седишта во Европа, вклучувајќи ги и фабриките во Манхајм и во близина на Истанбул, Турција. Фабриката во Ној Улм вработува 120 лица во одделенијата за кроење, шиење, тапацирање, монтажа, за специјални седишта, работна обука, контрола на производство и логистика. Годишната продукција достигнува 150.000 седишта за луксузни и стандардни туристички автобуси, како и 6.000 возачки седишта, што веднаш се доставуваат во монтажата на автобуси. Оттука се испорачуваат седишта и за Дортмунд, Манхајм и за Лињи ан Бароа во Франција.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot комплетно го снабди победникот на дрон-фестивалот во Франкфурт

Русија до септември регистрирала над 20.000 нови возила од кинеската марка Haval