Бразил ќе произведува електрични автобуси со техника од Mercedes

Mercedes-Benz do Brasil разви посебна шасија со целосно електричен погон eO500U, што е развиена според потребите на регионот. Првите автобуси со напредната техника од eCitaro ќе излезат од фабриката во Сао Бернардо до Кампо во 2022 година.

Латинска Америка влегува во ерата на електромобилноста, преку градскиот превоз. Градските автобуси со електричен погон, што ќе се произведуваат врз платформата eO500U, ќе придонесат за чист и тивок градски превоз и воедно ќе го зголемат квалитетот на живот во градовите во Латинска Америка, преку нивната поволност врз животната средина.

Електричните автобуси врз бразилската електрична платформа располагаат со досег од 250 километри. Технологијата за полнење на батеријата е иста со таа што Daimler Buses ја вградува во електричниот градски автобус Mercedes-Benz eCitaro. При користење брзи полначи, батеријата се полни целосно за околу три часа.

Сериското производство на автобусите со шасија eO500U ќе стартува в година, во фабриката на Mercedes-Benz во Сао Бернардо до Кампо. Освен во Бразил, автобусите ќе се испорачуваат и за останатите пазари во регионот. Доколку постои интерес, можен е извоз на електричните автобуси од Бразил.

https://photos.app.goo.gl/QZVwKGjxa5Vc5YdX8

Шасијата eO500U е приспособена варијанта на таа што се користи во автобусите од серијата O-500, меѓу другото во градскиот автобус Mercedes-Benz Super Padron. Нископодниот автобус може да има должина до 13,2 метри и нуди простор за најмногу 86 патници. Електромоторите се вградени во самата задна оска. Во тестирањето на шасијата учествуваа и инженерите на Daimler Buses.

Mercedes-Benz do Brasil е најголем производител на автобуси и камиони во Латинска Америка. Фабриката за автобуси во Сао Бернардо до Кампо е отворена во 1956 година и специјализирана е за развој и производство на автобуски шасии.

>>> Бретања нарача 92 електрични автобуси Mercedes eCitaro

Бретања нарача 92 електрични автобуси Mercedes eCitaro

Претходна објаваAudi го чисти Дунав од пластиката во Будимпешта
Следна објаваНовата Gazelle NN си замина со титула од салонот во Москва

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here