Целта на партнерите во проектот е да се укаже на големиот проблем со загаденоста на реките во светски рамки. Собраната пластика ќе се рециклира и преработи. Audi досега има остварено бројни проекти од ваков вид.
Собирач на отпад што и самиот е изработен од рециклирана отпадна пластика е поставен по течението на Дунав во Будимпешта. Станува збор за проект на фондацијата за заштита на животната средина на Audi, унгарскиот огранок на Audi и организацијата Clean Rivers.
Audi соработува со холандската непрофитна организација Clean Rivers уште од 2018 година. Во рамките на истата се истражуваат нови начини за собирање на отпадот од реките и за враќање на природната рамнотежа. Воедно на јавноста ѝ се укажува на последиците од загадувањето на водите.
Слични собирачи на Audi и партнерите претходно се поставени во Ротердам и во каналот Шарлероа во Брисел
Повеќе од 90 проценти од пластиката што доспева во морските води доаѓа преку реките. Базенот за собирање е поставен во близина на Факултетот за технички и економски науки на Универзитетот Будимпешта. За разлика од вообичаените мрежи, собирачот на Audi поседува таква конструкција што не го попречува водното течение, односно рибите можат да испливаат надолу од базенот. На тој начин не се влијае врз живиот свет во водите.
Clean Rivers од собраната пластика изработува предмети од општествена корист, како клупи со простор за растенија покрај нив. Audi пронаоѓа најразлични начини за сочувување и заштита на животната средина, меѓу другото неодамна беше организирана акција „плогинг“, во којашто вработените џогираа и притоа го собираа отпадот фрлен во природата.