Кина ќе го скусува бројот на производители на електрични автомобили

Поради високите државни субвенции, моментно во Кина постојат околу 300 компании што произведуваат електрични автомобили. Голем број од тие компании е можно да исчезнат.

Кинескиот министер за индустрија и информациска технологија Шао Јачинг ќе воведе промени во производството на електрични автомобили во земјата, со цел браншата да се приспособи според новонастанатите услови. Шао Јачинг, кој е воедно и главен надзор на пазарот, ќе ги охрабри домашните производители на електрични автомобили да извршат спојувања и преструктурирања. Целта е да се намали бројот на производители на електрични возила во Кина. Голем дел од тие производители се речиси безначајни во поглед на нивниот удел во продажбата или прометот. Компаниите што произведуваат електрични возила мора да окрупнат и да зајакнат.

Сите актери на пазарот во моментов се полни со ентузијазам и производството на електрични возила постигна голем напредок. Но, секторот бара примена и развој на врвна технологија. Поради тоа, ресурсите треба колку е можно повеќе да се користат пазарно ориентирано.

Во минатите десет години, кинеските власти ја субвенционираа браншата на електричните возила со околу 100 милијарди долари. Моментно во земјата работат околу 300 домашни производители на електрични автомобили. Со планираната консолидација ќе се постигне голем број од стартап-компаниите да исчезнат од пазарот.

Во Кина месечно се продаваат повеќе од 200.000 електрични возила

>>> Тест на Seres 3 · СУВ од Кина, електричен и премиум

Претходна објаваНема субвенции за Tesla, Toyota и Honda во САД
Следна објаваАфрикански шпедитер нарача 90 камиони Mercedes-Benz Actros

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here