за

Африкански шпедитер нарача 90 камиони Mercedes-Benz Actros

Огранокот на Daimler Trucks and Buses во Јужна Африка испорача впечатлив број камиони од врвна класа за возниот парк на важен клиент.

Точно 90 примероци од Mercedes–Benz Actros 2645LS се испорачани за возниот парк на шпедитерот Bakers SA Limited. Африканскиот превозник веќе има завиден возен парк од 650 камиони, сите до еден Mercedes-Benz.

Партнерството меѓу Mercedes–Benz Trucks и Bakers SA Limited трае подолго од четири децении. Семејната компанија го набавила својот прв камион Mercedes–Benz во 1970-те години. Денес „бејкерсите“ се меѓу водечките шпедитери во земјата. Во Mercedes-Benz можат да бидат посебно горди, затоа што друго возило освен од нивната марка не се користело во историјата на компанијата.

Добро оди и бизнисот на марката Fuso во Јужна Африка. Компанијата City Logistics ги нуди своите услуги во земјата, но и надвор од неа, вклучувајќи ги Боцвана, Лесото, Намибија и Свазиленд. City Logistics во јули вклучи 43 лесни камиони од типот Fuso Canter во својот возен парк. Компанијата располага со околу 1.200 товарни возила од сите категории.

Јужноафриканската фирма ќерка на Daimler Trucks & Buses е основана пред околу 60 години. Освен продажба и сервис на камиони од марките Mercedes–Benz и Fuso, како и снабдување со резервни делови и понуда на услуги (FleetBoard, TruckStore, TruckTraining), компанијата ги сервисира и марките Freightliner и Western Star. 

Од седиштето во Преторија се покриваат и пазарите во Намибија, Лесото, Боцвана, Свазиленд, Малави, Мозамбик, Зимбабве и Замбија. Камионите и автобусите се монтираат за регионот, во фабрика за составување на готови модули (CKD) во Ист Лондон.

Батерија од 420 kWh и електромотор од 400 kW за Mercedes eActros

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кина ќе го скусува бројот на производители на електрични автомобили

Како стои новиот Kia Sorento во споредба со конкуренцијата?