Јубилејното триесетто издание на Auto Tour годинава се одржуваше од 30-ти август до 4-ти септември. Меѓу бројните тимови од познати личности од автомобилската и јавната сцена се најде и тимот со стартен број 45, во реставриран Peugeot 204 Coupe. Тоа е единствен автомобил Peugeot што учертвуваше на релито. Единствена е поддршката и од Мис на Франција, Амандин Петит.
Франсоа Ален е познат автомобилски новинар, кој во 1990 година го основаше клубот на сопственици и љубители на Peugeot 204 и 304, и во сиве години има објавено најмногу за историските возила на Peugeot, вклучувајќи стотици телевизиски прилози, а автор е на пет книги. Тој моментно ја води тв-емисијата Vintage Mécanic на каналот RMC Découverte.
Николас Ганто е член на клубот Peugeot 204 и 304, ценет е како врвен реставратор и исто така учествува во емисијата Vintage Mecanic. Меѓу проектите на коишто тој има работено за тв-каналот е повеќе позната неговата работа врз Peugeot 201 за Normandie Beach Race, за Peugeot 304 од филмот „Carnets de Julie”, како и на самиот Peugeot 204 Coupe што годинава учествуваше на Tour Auto.
Peugeot 204 е меѓу најпознатите модели од серијата 2 на марката со лавот и беше бестселер во Франција од 1969 до 1971 година. Изведбата со купе-каросерија, којашто ја дизајнираше Пол Буво, главен дизајнер во Peugeot Style, се продаде во близу 43.000 примероци.
https://photos.app.goo.gl/tyMic8ojiakiobZNA
Претходникот на славната низа 205-206-207-208 има напишано важни историски поглавја. Во 1971 година, Peugeot 204 учествуваше на Tour de France Automobile во категоријата 3GT. Купе-изведбата од Peugeot 204 се појави во бројни епизоди во шоуто Vintage Mecanic, коешто се емитува од 27-ми мај. Автомобилот мирувал во целиот период од 1978 до 2021 година. Тој потекнува од последната серија произведена во 1970-та година.
https://photos.app.goo.gl/Zt53Dzu6vX28KC838
Токму овој примерок бил вицешампион на Франција во регионалните релија и последен пат пред 45 години учествувал на рели, со тимот од Доминик Рестелини и Жан Луј Форест. Оттаму потекнува и стартниот број 45 за Auto Tour 2021.
Одделението Peugeot Adventure стои зад долговечноста на автомобилите на француската марка. Тоа е основано во 1982 година и им нуди помош на ентузиајстите, меѓу другото и со снабдување со резервни делови за олдтајмерите.
>>> Најубавата Французинка вози електрично Peugeot e-208

















