Шефот на Audi очекува електромобилноста да доведе до нови фузии

Извршниот директор на Audi, Маркус Дисман, очекува дека некои помали производители на автомобили наскоро ќе се соочат со потешкотии: „Нема сите да ја минат трансформацијата успешно“.

Маркус Дисман, првиот човек на Audi, очекува наскоро да започнат нови спојувања и преземања во автомобилската индустрија. Со преоѓањето во ерата на електромобилноста, „можно е да се случи извесна консолидација“, изјави тој во петокот во Инголштат. Електромобилноста нема да има последици само врз производителите на менувачи и останатите добавувачи, коишто имаат висока зависност од моторите со внатрешно согорување, „туку таа ќе остави траги и врз производителите на автомобили. Нема сите да ја минат трансформацијата успешно.“

Се случуваат големи промени. „Како мал производител на автомобили во иднина нема да можете да се пробивате комплетно сами“, изјави Дисман. За некои производители постои „опасност дека ќе мораат да се впуштат во кооперации.“

Audi Skysphere Concept

Што се однесува до Audi, во подолг рок се очекува во рамките на концернот Volkswagen да се постигнат нови рекордни профити, бидејќи електричните автомобили се помалку сложени од бензинците или дизелите. Најмногу зависи како ќе се развиваат цените на батериите. Сосем е веројатно дека Audi со електричните автомобили „еден ден ќе почне да заработува повеќе отколку што вооопшто досега сме заработувале со моторите со возилата со внатрешно согорување“.

Во тековната година се очекува Audi да постигне оперативна заработка меѓу седум и девет проценти од прометот, а долгорочно меѓу девет и единаесет проценти.

Новите генерации модели на Audi по 2026 година ќе користат исклучиво електричен погон. По 2033 година, моторите со внатрешно согорување ќе се произведуваат само „во Кина за Кина“. Шефот Дисман е задоволен од развојот на кинескиот пазар. Се очекува интересот за електричните автомобили да се зголеми и во САД.

Audi Skysphere има каросерија што се развлекува

 

Претходна објаваTesla Model Y е најпродаван автомобил во Норвешка
Следна објаваSeres станува вистинска светска марка, нови пазари за кинеските електричари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here