за

Tesla Model Y е најпродаван автомобил во Норвешка

Новиот електричен модел на Tesla во август веќе се најде на врвот на продажбата во Норвешка. Model Y штотуку стартуваше на пазарот.

Tesla пред само неколку денови започна со испорака на Model Y на европскиот пазар, но во Норвешка, како еден од најважните пазари за електричните автомобили, СУВ-изведбата од Model 3 веќе е најпродаван автомобил воопшто во текот на август.

Model Y се наоѓа на врвот на продажната статистика за норвешкиот автообилски пазар за месец август. Со 804 новорегистрирани возила, електричниот СУВ на Tesla од средната класа, води во продажбата во скандинавската земја пред Volkswagen ID.4, кој минатиот месец го заврши на второто место, со 706 нови регистрирани возила. На третото место се наоѓа Ford Mustang Mach-E со 608 нови регистрации, за веднаш на четвртото место да следи уште еден модел на калифорниската марка, Tesla Model 3 со регистрирани 575 примероци во август.

Во август во земјата што е светски шампион во поглед на уделот што го постигнуваат електричните автомобили во продажбата, биле регистрирани околу 10.200 електрични автомобили. Вкупно од почетокот на годината се регистрирани над 73.000 возила со погон на струја.

Се очекува до крајот на годинава да стартува производството на Tesla Model Y во Германија

Шефот на Tesla, Илон Маск, убеден е дека Model Y ќе постигне уште поголем пазарен успех од Model 3, придонесувајќи за помасовно ширење на електромобилоста. Првите примероци од СУВ-изведбата на Model 3 за европскиот пазар пристигаат од фабриката на Tesla во Шангај. Според првичните планирања, електричниот СУВ веќе требаше да стартува со производство во новата фабрика на компанијата во Германија, во близина на Берлин.

Расте електричното семејство на Volkswagen: ID.4 во Порше

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda 180 RS и 200 RS: Рели машини од друга лига

Шефот на Audi очекува електромобилноста да доведе до нови фузии