Audi Skysphere има каросерија што се развлекува

Спектакуларен родстер со име Skysphere е првиот од триото концепти од новата генерација, со коишто Audi укажува на суштинските промени што претстојат во премиум класата во блиска иднина.

Кабината на возилата станува простор за доживување, а возилото станува направа за доживување. Концептот Audi Skysphere се разликува наполно од сите концепти што досега ги носеле четирите прстени. Електричниот погон придонесе за промените во автомобилската сфера да се случуваат побрзо и порадикално од кога било досега. Претстојното масовно ширење на автоматизираното возење е уште поголем поттикнувач на овие промени. Во исто време, браншата и светот внимаваат многу поодговорно на одржливоста и на забавувањето на климатските промени.

Кога човек ќе помисли дека Audi skysphere concept се разликува само во изгледот и во организацијата на внатрешниот простор, следи вистинската револуција: Меѓуоскиното растојание на возилото се менува. Електромотори и интелигентна механика овозможуваат растојанието меѓу двете оски да се менува до 250 милиметри. Менувањето на висината на каросеријата од подлогата за 10 милиметри е веќе „стара музика“. Сето тоа се контролира преку копче, со коешто се избира Grand Touring Experience или Sports Experience.

https://photos.app.goo.gl/UaPiBYdqVvNSDVaaA

При скусено меѓуоскино растојание, возачот може сам да управува со концептот долг 4,94 метри, во спортски модус. Задната оска е управувана, за подобро маневрирање, но и за подобра динамика. Кога ќе се вклучи Grand Touring-модусот, тогаш Skysphere Concept се издолжува на 5,19 метри и во тој случај управува целосно самостојно. Со спуштен покрив може да се ужива во небото и во природата, со максимален простор во кабината и со бројни услуги за возачот и патниците.

Во авто-режимот, воланот и педалите исчезнуваат. Футиристите на Audi ценат дека на патниците ќе им биде забавно преку опремата и функциите во возилото да споделуваат кадри од возењето и од Skysphere на друштвените мрежи. Во меѓувреме ќе пристигаат информации за одредиштето кон коешто автомобилот е пуштен да вози самостојно. Автомобилот сам ќе си најде и паркиралиште, а воедно ќе се погрижи и за полнење на батеријата.

Премиерата на Audi skysphere concept е закажана за 13-ти август на Автомобилската недела во Монтереј. Местото на коешто е создаден изгледот на концептниот автомобил е буквално преку улица. Дизајнот е дело на студиото на Audi во Малибу, а главен креатор е Гел Базин. Како инспирација послужил славен историски модел, Horch 853.

https://photos.app.goo.gl/P9pwzGUwExbfK3i17

Под долгиот нос на Audi се крие простор за техниката за полнење на батеријата, како и трансформатор, сервомотори, електроника и механиката за менување на меѓуоскиното растојание. Има место и за две торби за голф, дизајнирани посебно за моделот.

Електромоторот со моќност од 465 kW (632 КС) и 750 Nm вртежен момент е поставен на задната оска. Тој има лесна задача да го движи возилото од 1,8 тон. Спринтот до темпо сто трае само четири секунди.

Батеријата од 80 kW се состои од главен модул што повеќе ја „оптоварува“ задната оска и од дополнителни модули меѓу седиштата. Сето тоа е изведено со цел да се постигне врвна возна динамика. Досегот во штедлив режим изнесува 500 километри.

Во концептот на Audi работи и нова генерација на пневматска суспензија, со три независни воздушни комори. Нејзина задача е првенствено да обезбеди врвен комфор, но при спортско возење, една или повеќе комори се исклучуваат и се постигнува поголема крутост во подвозјето.

https://photos.app.goo.gl/Y2UUEGGtM3jQzL279

https://photos.app.goo.gl/pYodS9ynZAnRf5RT9

https://photos.app.goo.gl/mZzBXVVNhMtvVwky9

https://photos.app.goo.gl/331a61FiLqsfq5nq5

https://photos.app.goo.gl/1y4vdmHQ4z5JrHcx5

https://photos.app.goo.gl/PAj4TyGcEAhZzNFu8

https://photos.app.goo.gl/CYbVFFYT45C9YjmU9

https://photos.app.goo.gl/Zt119yPXDaCo7QwA9

https://photos.app.goo.gl/UxLEFXRqh3Dqh7kGA

https://photos.app.goo.gl/hquWE5uG3DszHbPc7

https://photos.app.goo.gl/rckmiZAiUxBTi1Rf7

https://photos.app.goo.gl/VM44cYAvpZTFALgq9

https://photos.app.goo.gl/vZFnSGJcYEeRq6h89

https://photos.app.goo.gl/5cgaVsJ4ioyphgaq7

https://photos.app.goo.gl/9ih98hs9ch8io4Xz9

Претходна објаваРасте електричното семејство на Volkswagen: ID.4 во Порше
Следна објаваЦентарот Kia360 во Сеул збогатен со нови содржини

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here