Центарот Kia360 во Сеул збогатен со нови содржини

Стилизираната зграда во Сеул којашто ги претставува сите активности и понуди на марката Kia им нуди на посетителите и на фановите можност преку интерактивни содржини и дисплеи да се запознаат со решенијата за мобилност и за животен стил што наскоро ќе бидат достапни во салоните на Kia во глобални рамки.

Корпорацијата Kia денес го отвори реновираниот центар за доживување на марката, Kia360, сместен во северниот дел на Сеул. Тоа е прв јавен простор во којшто се прикажуваат новите понуди на Kia, вклучувајќи ги идните решенија за мобилност и за животен стил, како и дизајнерските иновации. Промените во содржините и понудите на центарот следеа откако Kia во почетокот на годината започна да ја применува новата стратегија. Kia360 почна да работи во 2017 година, тогаш под името Beat360.

Објектот е со површина од 1.900 метри квадратни и во него посетителите можат да ги почувствуваат и доживеат новите понуди и услуги на марката. Фасадата на Kia360 е редизајнирана со новите бои што се заштитен знак за корејската марка, Midnight Black и Polar White. Поставени се и бројни рекламни паноа.

https://photos.app.goo.gl/8JumUgAC3yKCZBK18

Внатрешноста нуди три различни зони на доживувања: Зона за марката и за дизајн, зона за живот со електрично возило и зона за корисници на Kia. Трите зони се поврзани едно со друго и овозможуваат посетителите да преминат во соседната зона, кога ќе бидат привлечени од некој експонат или дисплеј што ќе го забележат таму. Дополнителни информации може да се добијат од кодовите што се обележани во подот и може да се читаат со QR-скенер на мобилен телефон.

Зона за марката и за дизајн

Оваа зона го прикажува „DNA” на Kia, со новото име и со новата стратегија на компанијата. Зоната содржи три тематски простори: „New Journey” (прикажани се најновите модели на Kia); “Inspiring Universe” (посетителите можат да ја искажат својата инспирација преку интерактивни дисплеи) и „Opposites United” (се прикажуваат уметнички медиумски содржини што ја претставуваат истоимената дизајнерска филозофија на марката, со примери на различности што се соединуваат во една целина).

Зона за живот со електрично возило

Зоната е дизајнирана за посетителите да можат да ја почувствуваат идната мобилност во ерата на електрификацијата. Поставени се полначи, симулатор на возење и експериментална кабина во којашто преку сензори за движење се прикажуваат идните услуги за мобилност и животен стил.

Зона за корисници на Kia

Корисничкото подрачје нуди информации и консултација за посетителите што размислуваат да купат автомобил Kia. Тука може да се конфигурира возилото преку тридимензионален конфигуратор, а може и директно да се разговара со продажен советник на марката. Посебно е изведен „AI Space”, каде што посетителите се запознаваат со системите за асистенција што се вградуваат во автомобилите на Kia.

https://photos.app.goo.gl/SmHaJETEWoi9Qq1fA

https://photos.app.goo.gl/p7v5AE1k1Cqn2fBg9

https://photos.app.goo.gl/bZR92YXnBG8F9Kuc6

https://photos.app.goo.gl/8ZtBZudoiz5CJjxeA

https://photos.app.goo.gl/ADmzTrQDCZcEg3Dd7

https://photos.app.goo.gl/e3QMrBo6RFpcRcNe7

 

Претходна објаваAudi Skysphere има каросерија што се развлекува
Следна објаваЕден од секои нови десет автомобили во Германија е електричен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here