Kia првпат ќе учествува на Фестивалот на брзината во Гудвуд

Прославувајќи го првиот настап на Kia на Фестивалот на брзината во Гудвуд, брендот ќе го изложи својот нов електричен автомобил, Kia EV6, како и сензационалниот Stinger со ознака GT420.

Најзначајниот и најобемен настан за автомобилскиот свет, оваа година ќе трае четири дена, односно ќе се одржува во периодот од 8-ми јули (четврток) до 11-ти јули (недела). Светот повторно очекува да види некои од најретките, најовите и најегзотичните возила во историјата.

Со своето јавно деби во Велика Британија, Kia EV6 треба да ја потресе „Електрична авенија – Патот до 2030 година“. Тоа е нова тематска изложба, создадена со цел да се прикаже широкиот спектар на електричните возила што се достапни сега или во блиска иднина.

kia ev6

EV6 е првата Kia што се базира на револуционерната платформа E-GMP (електрична-глобална модуларна платформа) и се напојува исклучиво од електрична енергија. Располагајќи со батерија од 77,4 kWh и техника за полнење под напон од 800V како стандард, EV6 ветува автономија до 508 километри. Дополнително, нешто што посебно фасцинира кај овој модел, тоа е спринтот до 100 километри на час што трае само 3,5 секунди.

Во придружба на EV6 на настанот ќе биде и моделот Stinger со ознака GT420, кој ќе биде прикажан во First Glance Paddock. Овој единствен примерок има 422 КС и 560 Nm вртежен момент од неговиот надграден 3,3-литарски V6 мотор со два турбо полначи. На патека има импресивни резултати, како резултат на прилагодено подесување на суспензијата, значително намалената тежината и подобрените сопирачки Brembo.

>>> Kia EV6 за пет минути полни струја за 100 km: Сите детали за новиот електромобил

Претходна објаваVolkswagen Polo GTI со шарм на мал брз тркач
Следна објаваВака изгледа првиот модел на Volvo од следната генерација

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here