Шуду, првата виртуелна супермоделка во светот, соработува со Lexus во прикажувањето на футуристичкиот виртуелен ентериер на концептот LF-Z од когошто треба да произлезе идниот електричен автомобил на луксузната марка.
Во минатиот месец пишувавме за серијата виртуелни ентериери на Lexus, создадени од тројца врвни дизајнери што својата кариера ја имаат изградено надвор од автомобилската индустрија. Тие замислуваа каков ентериер би одговарал најдобро за концептот на електричен автомобил Lexus LF-Z. Серијата сега заживеа „вистински“, откако луксузната марка на Toyota стапи во партнерство во Шуду, првата виртуелна супермоделка во светот.
Шуду се смести во хипер-футуристичниот енериер што го осмисли дигиталниот уметник Ондреј Зунка. Во неговиот автомобилски свет се користат механизми од астронаутиката, материјали од научната фантастика и дух на вештачка интелигенција, но сето тоа е направено да биде блиско до човекот. Со Шуду зад воланот, сега можеме уште поверодостојно да замислиме како ќе изгледа ентериерот на идниот електричен модел на Lexus.
Супермоделката од виртуелниот свет досега беше ангажирана во кампањи на Ferragamo и Christian Louboutin, а се појави и во содржините на Vogue Australia, Glamour Brasil и Harper’s Bazaar Arabia. Ова е втор ангажман на Шуду за Lexus, по ланскиот проект Freedom to Move, со маски креирани од нигериската архитектка Тосин Ошиново и британската дизајнерка на текстил Криса Амија.
https://www.instagram.com/p/CPEg2tkNVjX/
https://www.instagram.com/p/CMP2xV7rCpe/
















