Opel Manta е моделско име на коешто реагираат бројни фанови. Дизајнот е единствен, инспириран од вистинската манта од морињата. Сега е техниката е единствена. Во сопствена режија на Opel произлесе оваа Manta GSe ElektroMOD, со електричен погон, со диодни светла, со обележја од модерните модели на Opel, со дигитален кокпит. За преработката да биде вистински заокружена, се грижи мануелен менувач. Погонот, секако, назад.
Manta е еден од вечните модели на Opel, кој во иднина сигурно нема да изгуби од значењето, туку уште толку ќе добие на значење. Автомобилот што својот животен век го почна пред повеќе од 50 години и го живее со четирицилиндарски бензинци, стана Opel Manta GSe ElektroMOD. Ознаката ElektroMOD произлегува од рестомод, што е поим за стари автомобили на коишто им се внесува нов живот, меѓу другото со делови што се преземени од современи возила, без притоа да се наруши основната замисла на моделот – овој плус има електричен погон.
Под хаубата, што верно на традицијата е бојадисана црно, работи електромотор со 108 kW, односно 147 КС. Буквата „e“ по традиционалното GS, во случајов важи за Електрификацијата, место за „Einspritzung“, односно за впрскување гориво. Ова стана најсилната Manta A што е изработена од Opel. Во 1974 и 1975 година, Manta GT/E беше најсилна со своите 105 КС.
Електричната Manta го усреќува возачот и со вртежен момент од 255 Nm, нормално достапни уште од старт. Возачот може да ракува со оригиналниот четиристепен менувач, но може и спокојно да префрли во 4-от степен и да вози.
https://photos.app.goo.gl/VsLricr3X99AeN8J9
Батеријата од 31 kWh дозволува досег од околу 200 километри. Поголема батерија ќе го нарушеше оригиналниот концепт. Полнењето е преку сопствен полнач од 9 kW, а трае околу четири часови.
Посебен детал е Opel-визорот, заштитен знак на новите модели на германската марка. Оригиналната Manta A сепак послужи како пример за овој детал кај Mokka и Crossland. Преку дисплејот, Manta GSe може да комуницира со средината, на пример со пораки како „My German heart has been ELEKTRified“ или „I am on a zero e-mission”. Диодната тхеникиа работи и во дневните светла, во главните светла и во впечатливите задни светла.
Под крилата вртат алу-тркала од Ronal од 17 инчи, со гуми 195/40 R 17 напред и 205/40 R 17 назад. Натписот „Manta“ назад го применува модерниот фонт на Opel.
Внатре работи актуелна дигитална тхеника на Opel, вклучувајќи широк Opel-Pure Panel, каков што има и новата Mokka. Станува збор за два дисплеи, од 12 и од 10 инчи. Музиката доаѓа преку Bluetooth-Box од легендарната марка засилувачи Marshall – класика во класика.
















