за

Mercedes пушти нова колекција ексклузивни очила за сонце

Марката очила ic! дизајнираше нова колекција очила за сонце за Mercedes. Станува збор за соработка што се издвојува од вообичаеното „лепење лого“.

Пет модели на ексклузивни очила за сонце им стојат на располагање на луѓето што сакаат светот да го гледаат и низ очила на Мercedes.

Изгледот на новите очила за сонце од соработката меѓу германската мануфактура ic! berlin и Mercedes-Benz се раководи според дизајнот на возилата на Mercedes-Benz и Mercedes-AMG. Колекцијата се води под Capsule 2021 и нуди динамични форми, ексклузивни материјали, акценти со детали лакирани во контрастна боја и одличен комфор при носење.

Овие очила траат долго и ја оправдувааат цената со рамката од благороден челик, стаклата Zeiss, силиконски перници за нос и најквалитетни шарнири. Покрај логото на Mercedes-Benz, „марката“ на очилата ја прикажуваат и ѕвездите што се изработени со ласер врз рачките.

Mercedes-AMG Modell AMG 02 се машки очила со нова интерпретација на „пилотки“, достапни во четири комбинации од бои и со рачно нанесени акценти во црвена, жолта или сина боја.

Вториот модел се MB Shield 02, како унисекс модел со футуристички изглед, достапен во две комбинации од бои. Уште еден унисекс модел се MB 04, со спортска елеганција, тешки само 17 грами. Нова интерпретација на очила со трапезна форма е машкиот модел MB 05, кои се префинети со својата едноставност. Четири комбинации од бои се стандард во целата понуда.

За модерните дами се наменети MB 06, предимензионирани и со форма на пеперутка, како ретро-шик со луксузен стил. Посебно благороднички изгледа варијантата што е финиширана розево златна боја.

Очилата ic! berlin моментно се продаваат во повеќе од 60 држави ширум светот, а се изработуваат во Берлин. Фирмата вработува околу 180 лица. www.ic-berlin.de

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шуду е првата виртуелна супермоделка и работи за Lexus

Макпетрол ја реновираше бензинската станица во Кичево