Италијанскиот производител на спортски автомобили од врвна класа ќе зачекори во електричната ера и планира да потроши многу средства за новиот вид на погон во Lamborghini.
Марката со бикот во логото и дел од концернот Volkswagen ќе го претстави својот прв сериски автомобил со електромотор во погонот во 2023 година. До крајот на 2024 година, сите модели во понудата на Lamborghini ќе бидат достапни и во варијанта со хибриден погон.
Во следните четири години, Lamborghini ќе инвестира над 1,5 милијарда евра во електричниот погон, што е најголема инвестиција во историјата на Сант Агата. Во втората половина од деценија, спортската марка планира да понуди до четири модели што ќе користат само погон на струја.
















