Toyota Hilux најдобар теренски пикап според читателите на Auto Bild

Toyota Hilux

Toyota Hilux е победник во својата категорија во изборот на читателите на изданието на магазинот Auto Bild што е специјализирано за возила со погон на сите тркала.

Читателите на Auto Bild Allrad ја избраа Toyota Hilux за најдобар пикап со погон на сите тркала од увозна марка, во рамките на „Allradauto des Jahres 2021“, односно „Најдобри автомобили со погон на сите тркала“. Пикапот е дел од изборот уште од неговото прво издание пред 20 години.

Изборот се состои од десет категории, а за победниците решаваат гласовите на читателките и читателите на најголемиот магазин за возила со погон на сите тркала во Европа. Во секоја од десетте категории се избираат победник во општа конкуренција и победник во конкуренција на увозни марки. Во изборот годинава учествуваа 237 модели со погон на сите тркала што се нудат на германскиот пазар.

Toyota Hilux претходно победуваше во 2014, 2016 и 2017 година. Јапонскиот камионет подолго од 50 години претставува синоним за издржливост по секаков терен. За таквиот имиџ секако се грижи и погонот на сите тркала. Пикапот има извозено насекаде, од Северниот до Јужниот Пол, а секако дека има учествувано и на најтешкото рели во светот, на Рели Дакар.

Моделот во Македонија стартува од 35.990 евра за изведбата со единечна кабина. Понудата ја сочинуваат уште изведба со продолжена кабина и изведба со двојна кабина и 4 врати. За пикапот се нудат четири нивоа на опрема, вклучувајќи го луксузното ниво Invincible. Во повисоките нивоа е достапен и автоматски менувач.

Дизелот од 2,8 литри претрпе темелно освежување лани. Во рамките на моделското освежување, Hilux доби повеќе комфор и понуди повисока безбедност.

Претходна објаваТест: Volvo XC40 T5 Recharge
Следна објаваKia приреди спектакуларно светлосно шоу во Дубаи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here