за

Kia приреди спектакуларно светлосно шоу во Дубаи

Највисоката зграда во светот послужи како бина за Kia да ги прикаже новото лого и новиот слоган пред јавноста во Средниот Исток.

Kia приреди спектакуларно светлосно шоу во Дубаи

Преку спектакуларно светлосно шоу врз Бурџ Калифа, како главно обележје на Дубаи, Емиратите ги видоа новото лого и новиот слоган на Kia.

Корпорацијата Kia продолжува со светската турнеја во којашто ја претставува трансформацијата на марката од производител на автомобили во комплетен понудувач на услуги за мобилност. За новиот слоган и новото лого на Kia да се претстават во Емиратите, секако дека беше избрана фасадата на Бурџ Калифа, покриена со светлечки диоди, којашто според Гинис е признаена како најголема фасада осветлена со диоди во светот, со површина од 33.000 метри квадратни.

Преку фасадата на главното обележје на Дубаи и највисока зграда во светот, Бурџ Калифа, Kia го прикажа новиот слоган што гласи „Movement that inspires“, заедно со новото корпоративно лого. Главниот автомобил во овој спектакл беше EV6, првиот електричен автомобил на Kia што користи посебна платформа.

Во отпочнатата трансформација, Kia покрај автомобили ќе произведува и најразлични видови превозни средства од новите генерации, а за истите ќе понуди и напредни услуги за мобилност. Целта е марката на тој начин да им го подобрува секојдневието на луѓето. Трансформацијата треба да заврши во 2024 година.

Спектаклот во Дубаи е само продолжение на серијата којашто започна во ист стил во јануари, кога во Сеул првпат пред светот беа прикажани новото лого и новиот слоган на Kia. Во меѓувреме се одржа голем настан од ваков вид и во Индија.

До 2026 година, Kia во својата понуда ќе вклучи 11 нови модели со електричен погон, од кои седум ќе бидат чисто електрични возила, констурирани врз платформата E-GMP од EV6, додека останатите четири модели ќе бидат изведени во постоечките моделски серии.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Hilux

Toyota Hilux најдобар теренски пикап според читателите на Auto Bild

Mercedes ќе ја облече зградата во Минхен во нова архитектура