Mercedes испорача 31 камион Actros на англиска компанија за транспорт

Mercedes испорача 31 камион Actros на англиска компанија за транспорт

Англиската транспортна компанија Bartrum Group ги доби првите од вкупно 31 влекачи Mercedes-Benz Actros од петтата генерација. Возниот парк на семејната компанија уште пред сегашното подновување броеше 150 камиони, исклучиво Mercedes.

Станува збор за врвно опремени камиони во возниот парк, кои меѓу другото поседуваат систем MirrorCam. Тоа е замена за обичните ретровизори и на возачот му нуди поголема прегледност. Уште една корист е тоа што поради намалениот отпор на воздух, се смалува и потрошувачката на гориво.

Во истата насока дејствува системот Predictive Powertrain Control, кој претставува интелигентен темпомат, што преку посебно приспособена стратегија на менување на степените на пренос во дадената ситуација, исто така ја смалува потрошувачката. Системот препознава како продолжува патот и го приспособува возењето на камионот, постигнувајќи до 5% заштеда во гориво на локални патишта и до 3% заштеда на автопат.

За безбедноста се грижи асистент за сопирање при опасност Active Brake Assist 5, кој препознава пешак на патот и го запира возилото. Сите 31 влекачи располагаат и со мултимедиски кокпит, којшто се состои од два големи дисплеи за прикажување на информациите. За екстра комфор на своите возачи, Bartrum избра 20 примероци да бидат со кабина BigSpace, со рамен под.

>>> Mercedes Actros е ѕвезда на автопатот: Специјална серија од 400 примероци

Претходна објаваTesla има нов рекорд: 400 метри за помалку од 10 секунди
Следна објаваНовото Volkswagen Polo во Германија почнува од 16.000 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here