Tesla има нов рекорд: 400 метри за помалку од 10 секунди

Tesla има нов рекорд: 400 метри за помалку од 10 секунди

На најекстремната изведба на Tesla Model S ѝ припаѓа новиот рекорд за автомобил од сериско производство што забрзува за најкусо време од место до 402 метри, односно до четвртина милја. На електричната лимузина тоа ѝ успеа за 9,23 секунуди.

Рекордот на Tesla Model S Plaid е поставен на патеката Аутоклуб Фамозо во Бејкерсфилд, Калифорнија, во присуство на официјални лица. По само 402 метри, електричниот болид забрза до 152,16 милји на час или 244,9 километри на час.

Претходниот рекорд му припаѓа на Bugatti Chiron Sport, чиешто време изнесува 9,4 секунди. Уште една победа за Tesla е фактот што францускиот хиперавтомобил чини над три милиони долари, додека цената за Model S Plaid почнува од околу 120.000 долари. На третото место во овој ексклузивен клуб на рекордери се наоѓа Porsche 918 Spyder, со заостаток од половина секунда зад Model S.

Ова е голем скок за калифорнискиот електро специјалист, откако Tesla Model S Performance во „неразумниот режим“ се најде на 19-то место. Постигнатото време точно се совпаѓа со вредностите што Tesla ги објави на вебсајтот, при најавувањето на новата моделска изведба во почетокот на годинава. Според тие податоци, „Plaid спринтува четвртина милја за 9,23 секунди, со крајна брзина од 155 милји на час, односно близу 250 километри на час.

Наскоро и официјално ќе биде објавен големиот потфат, со видео снимка и со коментари од познати личности што присуствувале на настанот.

Tesla повеќе не може да се купи со биткоин

Претходна објаваШто сé забораваат луѓето кога оставаат стар автомобил во замена?
Следна објаваMercedes испорача 31 камион Actros на англиска компанија за транспорт

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here