Дизајнерската лабораторија на Peugeot беше активна и во подрачјето на облеката и приборот за луѓе со посебен животен стил. Инспирацијата доаѓа од дизајнот и материјалите во новиот Peugeot 508 Sport Engineered.
Перформансите на знаменосецот во понудата од спортски модели на Peugeot им даде дополнителна инспирација на креаторите во Peugeot Design Lab. Лимузината со 1,6-литарски турбо-бензинец со 200 КС, но и со по еден електромотор напред и назад (112 и 110 КС), со своите дизајнерски обележја и со избраните материјали послужи како пример за облеката и приборот што француската марка ги вклучи во понудата под името на Peugeot Sport Engineered.
Капата, поло-маицата и јакната се одликуваат со спортски елегантен изглед, што е препознатлив по црното техно-платно. На тоа следат уште приврзок за клуч, држач за картички и црн паричник од мека телешка кожа од италијански добавувач, на коишто главното обележје им се канџите во боја на криптонит. Тоа е воедно новиот белег на Peugeot Sport. Секако дека понудата ја заокружува часовник со врвно изработено куќиште и шиен кожен ремен. Колекцијата е достапна преку онлајн-продавницата https://boutique.peugeot.com.
https://photos.app.goo.gl/hjT8dSpefZSM1BJK8
Цените на облеката и приборот од колекцијата Peugeot Sport Engineered
- Капа 39 евра
- Поло-маица 79 евра
- Ветровка 169 евра
- Приврзок за клуч 35 евра
- Држач за картички 69 евра
- Паричник 89 евра
- Часовник 249 евра (механизам Seiko, три години гаранција, до 50 m, челично куќиште)
Дизајнерската лабораторија неодамна понуди уште две нови колекции, „1810“ и Legend.
















