Роботи-помагачи се движат самостојно во фабриката на Seat

Со воведувањето на „автономните колаборативни роботи“ во матичната фабрика на Seat во близината на Барселона значително се скусува пешачењето на работниците на нивното работно место. Една од задачите на роботите е да пренесуваат компоненти во фабриката со површина од 2,8 милиони метри квадратни.

Роботите се дел од стратегијата на Seat за развој и примена на дигитални алатки и решенија, за фабриката да стане попаметна, повеќе дигитализирана и повеќе поврзана. Во Марторел се пуштени два роботи EffiBOT, но е сосем извесно дека нивниот број во иднина ќе се зголемува. Заменик директорот за производство и логистика на Seat, Херберт Штајнер: „Автономните мобилни роботи нé прават да бидеме предводници во иновациите во автомобилскиот сектор. Тие претставуваат и јасен пример за тоа како роботите можат да соработуваат со вработените и да им ја олеснат работата.“

EffiBOT е робот развиен од француската компанија Effidence и приспособен е според барањата на Seat. Роботот може да го следи работникот што ќе го допре дисплејот додека се движи низ фабриката и на соодветен начин му асистира. Една од главните задачи на EffiBOT е ослободувањето на работниците од носење тежок товар. Роботот, конкретно може да носи 250 килограми, односно да влече 500 килограми.

Покрај новите роботи, во фабриката на Seat „работат“ уште 20 роботи-помошници, меѓу другото и т.н. коботи, чијашто задача е да ги лепат ознаките на моделите Ibiza и Arona.

>>> Seat Ibiza со исто лице и со нови внатрешни вредности

Претходна објаваPorsche Macan добива втор фејслифт, во 2023 година доаѓа електричен Macan
Следна објаваChevrolet Corvette Stingray во октомври стартува во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here