Lexus го избра преносниот соларен дестилатор на Хенри Глогау за победник на Изборот за најдобар дизајн за 2021 година. Новозеланѓанецот неодамна дипломираше на Данската Кралска Академија во Копенхаген.
Хенри Глогау е избран меѓу шест финалисти, од вкупно пријавени 2.079 проекти од дизајнери од 66 држави од цел свет. Победничкиот проект се избира според трите клучни критериуми според коишто и Lexus се раководи при развојот на своите модели: Anticipate, Innovate and Captivate – односно предвиди, иновирај и освој. Преносниот соларен дестилатор користи сончева енергија за да произведе вода што е чиста за пиење од загадена или морска вода. Ова ниско-технолошко решение воедно може да послужи и како собиралиште под сенка.
Младиот Новозеланѓанец при преземањето на наградата искажа голема благодарност кон марката Lexus: „Исклучително е чувството да се биде дел од престижен натпревар со компанија што навистина има страст кон дизајнот за подобро утре и којашто на дизајнерите на почетокот на својата кариера им обезбедува цврста основа врз којашто ќе ја дизајнираат иднината.“
Шесте финалисти без избрани во јануари и работеа под менторство на Џо Доусет, Сабине Марселис, Марием Камара и Спутнико, креатори од светски ранг.















