ЕУ лани имала 4.000 помалку загинати во сообраќај

добар вид за безбедно возење

Во сообраќајни незгоди, лани на патиштата во ЕУ загинале 18.800 лица, што е намалување за 17% во споредба со 2019 година. Намалениот сообраќај, поради пандемијата, сепак придонесе за бројот на загинати лица да се намали драстично, иако тоа влијание не може да се одреди точно.

Европската Унија ги има најбезбедните патишта во светот. Бројот на загинати во сообраќајот по патиштата се намалил за 4.000 лица. Унијата сепак заостанува зад планот за подобрување на безбедноста, што беше поставен во минатата декада. Се преземаат акции и стратегии, за бројот на загинати лица во иднина да не се врати на нивото како пред пандемијата.

Во споредба меѓу статистиките за лани и за 2010 година, бројот на загинати лица се намалил за 36 проценти. Целта беше да се постигне намалување за 50 проценти. Со 42 загинати лица на еден милион жители, ЕУ и натаму ги има најбезбедните патишта во светот. За споредба, светскиот просек изнесува 180 загинати лица на еден милион жители.

Земјите од Еврозоната лани забележале историски најмал број на загинати во сообраќај. Во цела ЕУ, намалувањето изнесува 17% во споредба со 2019 година. Најголема стапка на опаѓање на бројот на загинати (со над 20% намалување) имаат Белгија, Бугарија, Данска, Шпанија, Франција, Хрватска, Италија, Унгарија, Малта и Словенија. Наспроти тоа, зголемен број загинати лица имаат Естонија, Ирска, Латвија, Луксембург и Финска – кај помалите држави сепак има поголеми осцилации од година во година.

За десет години, натпросечна стапка на намалување на бројот на загинати постигнале Грција (54%) Хрватска (44%), Шпанија (44%), Португалија (43%), Италија (42%) и Словенија (42%). Овие девет држави заедно го намалиле бројот на загинати лица за 40 проценти.

Најбезбедни се патиштата во Шведска (18 загинати на 1 милион), додека сообраќајот во Романија е најопасен, со 85 загинати лица на еден милион жители.

Повеќе од две третини (70%) од вкупно загинатите лица во сообраќај во ЕУ се незаштитени учесници, односно пешаци, мотоциклисти и велосипедисти. Поради тоа, Комисијата на ЕУ бара безбедноста да се зема предвид при сите планирања на урбаната мобилност. Подоцна годинава ќе се гласа за новата Иницијатива за Урбана Мобилност. Два европски градови, Хелсинки и Осло, во 2019 година имале нула загинати пешаци и велосипедисти, првенствено поради ограничувањето на брзината на моторните возила.

Официјална статистика на ЕУ за број на загинати лица во сообраќај по патиштата во Унијата – број на загинати лица на еден милион жители

Volvo апелира земјите во развој да се посветат на безбедноста во сообраќајот

Претходна објаваКаде е вината за кобната незгода со Tesla во САД?
Следна објаваLamborghini со три премиери на салонот во Шангај

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here