Škoda Enyaq iV освои награда за дизајн Red Dot

Škoda Enyaq iV освои награда за дизајн Red Dot

Škoda Enyaq iV остави силни впечатоци врз жирито на изборот за најдобар дизајн Red Dot, во првата година откако се појавува во истиот. Чешкиот производител досега 16 пати е одликуван со награда Red Dot.

Впечатливиот изглед на Škoda Enyaq iV, кого што го сочинуваат балансирани пропорции, скултурирани линии и препознатлива маска, награден е од жирито на Red Dot. Ефектот може да се нагласи дополнтиелно со доплатата за т.н. кристално лице, коешто се состои од 131 диодни светилки што ја осветлуваат маската. Посебен ефект се постигнува и во комбинација со палењето и задоцнењето гаснење на предни и задните светла.

Enyaq iV поставува нови стандарди и во внатрешноста, којашто освои бодови поради просторноста. Компактниот СУВ на електричен погон нуди кабина просторна колку Kodiaq, а надворешните димензии се како на Octavia. Место класични нивоа на опрема се нудат таканаречени дизајнерски селекции. Loft потсеќа на модерен стан, Lodge се одликува со материјали од обновливи извори, додека Lounge е ексклузивна и софистицирана.

Со најголемата батерија, Škoda Enyaq iV минува до 520 километри

Red Dot Award се вбројува меѓу најпознатите избори на најдобар дизајн во светот и претставува мерило за производи што се одликуваат со висок квалитет на дизајнирањето. Жирито го сочинуваат новинари, дизајнери и професори. Годинава изборот се одржуваше по 66-ти пат. Жирито избираше меѓу 7.800 производи од близу 60 држави. Посебно внимание се посветува на иновацијата, квалитетната форма, функционалноста, трајноста и екологијата.

>>> Škoda Enyaq iV претставена во 60 секунди

Претходна објаваЗаврши спорот меѓу фабриките за батерии, VW и Ford можат да здивнат
Следна објаваАвтопилотот на Toyota во Јапонија може сам да престигнува

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here