Сите пазари растат за марката Rolls-Royce во 2021 година. Продажбата напредувала најмногу во Кина, САД и во Азија и Пацификот. Тоа доведе до историски рекорд и до надминување на претходниот врв што беше поставен во 2019 година.
Зголемен интерес постои за сите модели, особено за новиот Ghost и за СУВ-моделот Cullinan. Книгата со нарачки е пополнета до длабоко во втората половина од годината. Клиентите на екслузивната британска марка покажуваат голема заинтересираност и за моделите по посебна нарачка. Шефот Торстен Милер-Отвос јавува дека постојат „сите поводи да бидеме оптимисти за остатокот од 2021 година“.
Тоа што посебно ги радува во Гудвуд се нарачките за изработки на вистински уникатни модели што понатаму ќе се спомнуваат во автомобилската историја. За некои од тие модели веќе се говореше на сцената, а меѓу нив се Koa Phantom и Iridescent Opulence Phantom. За сите 20 примероци од колекцијата Phantom Tempus се јавија купувачи од цел свет.
Толкувајќи ги овие резултати, Милер-Отвос изјави: „Одговоривме на последните предизвици со нашата храброст, имагинација и инвентивност, кои се зајакнати со нашето беспрекорно планирање и безрезервното сосредострочување на потребите и барањата на нашите клиенти.“
>>> Емили сто и десетта година го краси Rolls-Royce

















