Chevrolet ќе произведува пикап со погон на струја

Претседателот на General Motors, Марк Ројс, најави дека компанијата ќе започне со продажба на Chevrolet Silverado со електричен погон. Камионетот ќе постигнува досег од преку 400 милји, односно близу 650 километри.

Chevrolet посочува дека новиот пикап уште од почетокот е развиван како електрично возило, врз основа на платформата Ultrium што е наменета за користење за повеќе марки на концернот General Motors. Од марката на концернот уште немаат посочено што ќе се случува понатаму со верзијата на Silverado со обичен погон.

Пикапот ќе се произведува во фабриката Factory Zero во Мичиген. Таму ќе се произведува и електричниот Hummer, со кого што Silverado ја дели платформата. Останатите технички детали засега не се објавуваат, исто како што не се посочува и датумот кога би почнала продажбата на моделот. Експертите претпоставуваат дека тоа би можело да се случи кон крајот на следната година.

За разлика од градскиот автомобил Chevrolet Bolt кој повеќе години е во понудата на марката, Silverado е голем пикап и се вбројува во најпродаваната категорија возила во САД. По Ford F-150, второ најпродавано возило на американскиот пазар е токму Chevrolet Silverado. Моделот се цени најмногу по моќните мотори, со понуда што почнува од 275 КС па нагоре. Електричните верзии не би требало да имаат пониска моќност од тоа.

Производителите во минатите години стартуваа со продажба на бројни автомобили и СУВ модели со електричен погон, додека во сегментот на пикапите засега сите мируваат. Тоа ќе се смени за многу кусо време. Tesla уште во текот на годинава ќе започне со продажба на Cybertruck. Потоа ќе следи Rivian со својот RT1, а се најавува и електрична варијанта на бестселерот Ford F-150.

>>> Hummer се враќа како електричен пикап со 1.000 КС

Претходна објаваМоторот на Porsche 911 GT3 мина 5.000 часови под полна гас и 300 km/h
Следна објаваРесторани во Италија добиваат електрични комбиња Peugeot на користење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here