BMW ќе го набавува литиумот и од Аргентина

Електричниот BMW iX3 чини 66.000 € во Германија, има субвенција

Литиумот, клучната суровина за тековната генерација батериски ќелии за електричните автомобили, BMW досега го добиваше само од Австралија. Договорот за испорака на литиум од Аргентина вреди 285 милиони евра.

Од следната година, BMW ќе ги изработува батериските ќелии со литиум, што освен од Австралија, ќе пристига и од Аргентина. Автомобилскиот концерн потпиша договор во траење од повеќе години и во вредност од преку 285 милиони евра со американската компанија Livent.

Целта на овој чекор е BMW да постигне поголема независност од одделните добавувачи, во технолошка, географска и геополитичка смисла. За изборот на Livent дополнително придонесе и фактот што компанијата го почитува локалниот екосистем.

Половината од светските резерви од литиум се наоѓаат под солените езера во триаголникот меѓу Аргентина, Боливија и Чиле. Вообичаено е солениот раствор да се испумпува од површината и да се остава да испари во плитки базени. Разликата кај Livent се состои во тоа што солениот раствор повторно се враќа во животниот простор, место да се остава да испари.

На тој начин се задржува рамнотежата меѓу површинската вода и слоевите сол, а воедно се смалува и узурпацијата на земјиштето. Во 2030 година, половина од продукцијата на BMW ќе ја сочинуваат чисто електрични автомобили. Соодветно на тоа расте и потребата од литиум за батериските ќелии.

>>> Десет модели на BMW со хибриден погон во понуда во Македонија

bmw i

 

Претходна објаваVolkswagen станува Voltswagen во Америка
Следна објаваГерманија ќе потроши 300 мио. € за полначи пред ресторани и супермаркети

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here