Toyota Mirai не познава за ограничувања во досегот и не бара часови чекање додека батеријата се наполни. Со полни боци водород се вози до 650 километри, полнењето трае неколку минути. Генералниот јапонски конзул во Германија ќе го користи овој автомобил за својата служба.
Јапонскиот генерален конзул Киминори Ивама ќе се вози низ германската покраина Северна Рајна – Вестфалија без неговото возило да испушти ниту грам штетни материи. Без потреба од полнење на батеријата, исто така. Конзулската Toyota Mirai користи водород како погонско гориво. За секои сто километри, лимузината троши меѓу 0,79 и 0,89 килограми чист водород.
Спектакуларната погонска технологија што им ја топи душата на фановите на техниката во меѓувреме работи во втората генерација на Toyota Mirai. Јапонскиот производител уверува дека новата водородна лимузина е побрза, посилна и побезбедна од претходничката. Со трите резервоари за водород и со поефикасната, а помала горивна ќелија (во неа се одвива хемиската реакција), Mirai може да помине до 650 километри.
Електричната енергија што се создава при хемиската реакција на водородот во горивната ќелија, го напојува погонскиот електромотор со 130 kW, односно 182 КС. Од издувот излегува единствено пареа, мала количина беспрекорно чиста пареа. Резервоарите се полнат со водород за три до пет минути, што значи дека постапката трае исто колку полнење обично гориво. Проблемот, секако е недостигот од развиена мрежа од станици што точат водород како погонско гориво. Но, се работи на тоа.
„Веруваме во водородот како извор на енергија од иднината“, цени генералниот конзул Киминиро Ивама. „Ме радува што ќе патувам во новото службено возило во моето подрачје на надлежност во Северна Рајна – Вестфалија, а особено ме радува тоа што ќе претставувам еколошка иновативна водородна техника од Јапонија, за што се надевам дека ќе предизвика интерес на бројни сожители.“
>>> Водородна Toyota Mirai во редовна продажба во Германија, субвенција 7.500€

















