за

MG годинава отвора 200 нови салони ширум Европа

MG долго отсуствуваше од континентална Европа, во меѓувреме почна масивно да се шири дилерската мрежа, има и нови модели. Електрични, секако.

Британската марка со богата традиција веќе неколку години постигнува одличен успех на локалниот пазар. Во понудата од модели што се дизајнирани во Лондон, а се произведуваат во Кина, има и чисто електрични автомобили. MG моментно има дилери во 13 држави, годинава мрежата ќе се шири масивно.

Марката MG е во пазарна офанзива во Европа, а дополнително доаѓа засилување и од двата нови електрични модели MG5 и Marvel R, што доживеаја премиера пред неколку денови. Со тоа, бројот на модели во понудата на британската марка со возила од Кина сега изнесува вкупно четири. MG, кусо од Morris Garages, досегашниот успех го постигна со двата модели, компактниот СУВ со погон на струја MG ZS EV и верзијата со приклучен хибриден погон MG EHS.

Проширувањето на присуството на марката во Европа почна пред 18 месеци. Марката моментно е застапена на 13 пазари, со 100 продажни салони и сервисни центри. Планот е годинава да се отворат уште 200 нови дилерства за MG во Европа.

Производството на моделите на MG е во Кина, меѓутоа европскиот пазар е јадрото на бизнисот на марката. Поради тоа, при развојот се внимава посебно, моделите да ги исполнуваат строгите норми на ЕУ, но и барањата на европските купувачи. Во поглед на досегот, можноста за брзо полнење на батеријата и напредните безбедносни системи, MG излегува во пресрет на типичните барања на европскиот возач. Покрај тоа, купувачите добиваат богато ниво на опременост, по достапна цена.

MG ZS EV

New photo by Automedia MK / Google Photos

Австрија е најблизок пазар до нас, каде што електричниот ZS EV стартува од 24.590 евра – вклучувајќи субвенција од 5.400 евра, додека цените за приклучниот хибрид EHS почнуваат од 32.240 евра. Стандардната опрема на ZS EV меѓу другото вклучува навигација, алу-тркала од 16 инчи, приспособлив темпомат и дисплеј од 8 инчи. Досегот изнесува реални 263 километри. Електромоторот постигнува 105 kW (141 КС) и максимален вртежен момент од 353 Nm, спринтот до темпо 60 km/h трае 3,1 секунди.

>>> MG ќе продава повеќе електрични од бензински модели

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi произведе 250.000 примероци од Q3 во унгарскиот Ѓер

Јапонскиот конзул во Германија ќе се вози во водородна Toyota Mirai