Mercedes воведува услуга за директно плаќање гориво од автомобилот

Возачите на Мерцедес можат да платат од автомобилот преку отпечаток од прст, по полнење гориво или батерија.

Mercedes стартуваше со новата услуга „Fuel & Pay“ за дигитално плаќање при полнење гориво. Корисниците на Mercedes me можат да ја користат услугата бесплатно, без потреба да го напуштаат возилото или да користат картичка за наплата на автоматите.

Новата услуга може да се користи преку апликацијата Mercedes me или преку системот за инфо-забава MBUX, директно од возилото. Системот работи на тој начин што клиентот преку навигацијата во возилото избира станица за гориво што е дел од системот. Моментно повеќе од 900 станици за гориво ја подржуваат оваа услуга. Откако навигацијата ќе доведе до станицата, истата се препознава по пат на геофенсинг и системот се активира веднаш штом ќе се изгасне моторот, односно кога возилото ќе се запре покрај слободна пумпа за гориво.

Системот пресметува колку е најголемата количина на гориво што може да се наполни, раководејќи се според големината на резервоарот. Понатаму, се зема предвид видот на горивото и цената, по што клиентот добива резервација за плаќање. Единствено што не е „дигитално“ е полнењето гориво, за што возачот или возачката секак мора да излезат од својот автомобил.

По полнењето, клиентот веднаш добива потврда на мобилната апликација или на дисплејот на MBUX. Заради евиденција, на електронска пошта се добива сметка со сите податоци, за наполнетата количина, видот и цената по литар.

За оваа услуга да може да се користи, претходно мора да се вчита нова верзија на мобилната апликација. На дисплејот на MBUX автоматски се појавува порака кога има нов софтвер. Возилата со инфо-забавен систем MBUX и со опција за навигација преку хард-диск се компатибилни и можат да ја користат функцијата на In-Car-Payment директно од возилото. За возилата со најновата генерација инфо-забавни системи (нова S-Class), пристапот до услугата преку MBUX ќе стане достапен кон крајот на годинава.

>> Во фабриката на Mercedes во Берлин ќе се „произведува“ софтвер>

https://www.instagram.com/p/BrNZFmqn8Wz/

Претходна објаваMitsubishi ќе понуди два нови модели во Европа
Следна објаваСтудија: Volkswagen в година станува лидер во електромобилноста

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here