за

Mitsubishi ќе понуди два нови модели во Европа

Mitsubishi беше веќе започнал да си заминува од Европа, но се случи пресвртница. Јапонците најавуваат два модели што се наменети посебно за тукашниот пазар, основата е од Renault.

Mitsubishi најавува нов Outlander за в година

Сите веќе ја прежалија марката Mitsubishi, којашто веќе извесно време се подготвуваше да си замине од европскиот пазар. Како новитет што треба да се појави во салоните остана само освежената изведба на Eclipse Cross. Во меѓувреме се случи голема пресвртница. Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi најави два нови модели на марката со трите дијаманти, развиени точно за Европа.

Во 2023 година пристигаат два нови модели на „одредени пазари во Европа“. Дали тоа ги вклучува само најголемите пазари или пазарите што имаат напредувано најдалеку во електромобилноста, уште е неизвесно. Моделите нема да бидат развиени целосно од Mitsubishi, туку во нив ќе работи техника од Renault.

Според менаџерите на Mitsubishi станува збор за „сестрински модели“, кои се базираат врз модели на Renault и ќе се произведуваат во фабриките на Renault. Секако дека моделите ќе имаат препознатливост, односно нема да станува збор за обичен беџ-инженеринг, со замена само на логото.

Уште е неизвесно од која класа ќе бидат моделите и други технички детали околу нив. Шпекулациите се отворени. Најмногу се типува на модел под знакот на Mitsubishi, којшто ќе биде варијанта на електричниот Renault Megane eVision. Можно е Јапонците да користат некое моделско име од историјата, но нема да биде изненадување доколку моделот се појави под името ASX.

Мак Аутостар најдобар дистрибутер за Mitsubishi во Европа
Мак Аутостар најдобар дистрибутер за Mitsubishi во Европа

Голема е веројатноста дека Mitsubishi ќе стартува со продажба на новиот Outlander во Европа, кој неодамна беше претставен во САД. Големиот СУВ ја дели платформата со новитe Nissan Qashqai и Rogue, односно со наследникот на X-Trail. Можно е Французите да го произведуваат моделот на Mitsubishi, заедно со следната генерација на Renault Kadjar. Исто како Qashqai, Rogue/X-Trail, тој ја користи новата платформа CMF-C/D.

Постои можност и за ретро-модел со името Colt, како сестрински модел на новиот Renault 5. Уште една претпоставка е дека Mitsubishi ќе понуди кросовер што ќе ја користи основата на Renault Captur. Останува голема неизвесност околу идните модели, но ова сигурно се добри вести за марката.

>>> Новиот Mitsubishi Outlander е „и-фу-до-до“

mitsubishi outlander 2021

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Еуро 7 може да стави крај на дизелот веќе во 2025 година

Mercedes воведува услуга за директно плаќање гориво од автомобилот