Уделот што марката Mitsubishi го постигнала лани на македонскиот пазар е највисок во европски рамки. И уште еднаш за потврда, не постои друга земја во Европа, во којашто марката Mitsubishi лани постигнала поголем удел во вкупниот пазар од Македонија. Тоа е највисоко признание во европски рамки што во последните години го има освоено македонски увозник.
„Mitsubishi во Македонија, најдобар во Европа“, тоа е насловот на соопштението што денес го испратија од Мак Аутостар. Тоа воопшто не е претерување, и нема „ама“. Компанијата Мак Аутостар, генерален дистрибутер за Mitsubishi во Македонија прогласен е за најдобар дистрибутер во Европа за 2020 година.
Податоците се однесуваат на постигнатите резултати во поглед на учеството на марката Mitsubishi во продажбата на локалниот пазар. Со учество во продажбата на македонскиот пазар на нови возила со околу 2,7%, Mitsubishi е воедно и меѓу најпродаваните автомобилски брендови и во Македонија.
Веднаш по Македонија, Mitsubishi најмногу се продава во Норвешка, Исланд, Финска, Германија, Шведска итн.
Двата модели на Mitsubishi, ASX и Space Star, споредено со сите земји во Европа, најмногу се продавале токму во Македонија, гледано според нивното учество на пазарот.
Владица Кокаловиќ, директорот на Mitsubishi за Македонија, зборува за успехот: „Минатата година беше исклучително ризична поради пандемијата. Сепак многу податоци укажуваа дека Ковид-ситуацијата ќе биде долготрајна, што значеше и барање начини за намалување на притисокот врз економијјата. Исто така, во Македонија пресудни беа и комплексните, социо-психолошки фактори на купувањето, што подоцна сето тоа се покажа како точно. Воедно, би сакал да се заблагодарам на купувачите, бидејќи без нивната доверба, немаше да го постигнеме овој бизнис успех“.
Честитки до тимот, Македонија е горда на вас.
















