за

BMW со дузина активности во светот на сим-мотоспортот

BMW за кусо време создаде цел паралелен свет на мотоспортот, бројните фанови на е-спортовите ги чекаат бројни настани годинава.

BMW SIm racing januari 21

Посебниот огранок BMW Motorsport SIM Racing за 2021 година подготви богата програма за фановите на виртуелните автомобилски трки. Речиси е неверојатно колкава разновидност и колкав обем на е-трки разви спортската марка од Михнен.

Мотоспортот во виртуелниот свет на BMW почна со трки долго пред традиционалните настани, за кои времето уште е премногу студено. На 13-ту јануари, на симулациската платформа iRacing се одржа првата трка сезоната во купот BMW SIM GT. Најдобрите сим-тркачи во светот се соочија во виртуелен BMW M8 GTE на патеката „Daytona International Speedway“, во трка во времетраење од 120 минути.

Тимот Redline постигна двојна победа. Џани Векио и Јонас Валмајер во драматичен фотофиниш ја минаа целта со 0,048 секунда предност пред дуото од Ф1-возачот Макс Верстапен и поранешниот ДТМ-возач Дани Хункадела. Векио и Валмајер со тоа си обезбедија стартни места за финалето на сезоната во BMW SIM Live 2021, но си годија и награда во висина од 2.400 американски долари. Следната трка се вози на 7-ми март, на Сузука. Еден ден подоцна стартува и втората сезона на BMW SIM M2 CS Racing Cup на платформата rFactor 2 со трка во Имола.

Четири официјални тимови на BMW Motorsport SIM Racing

Од почетокот на годинава, BMW Motorsport SIM Racing соработува со четирите големи тркачки тимови во сим-рејсинг BS+COMPETITION, G2 Esports, Team Redline и Williams Esports. Во улога на официјални тркачки тимови на BMW Motorsport SIM Racing, тие уште во јануари учествуваа на многубројни трки и постигнаа победа во виртуелните болиди на BMW.

iRacing 24h Daytona

На 23/24-ти јануари, на iRacing Special 24h Daytona првпат меѓусебно се соочија три тимови на BMW Motorsport SIM Racing. Во класата GTE учествуваа BS+COMPETITION, Team Redline (двата се тимови на BMW) и Team GB, со којшто управува Williams Esports – сите со BMW M8 GTE. По 24 часа, Рајан Барневелд, Нејтан Луис и Филип Денис од тимот BS+COMPETITION ја минаа целта трети и обезбедија место на подиумот. Team Redline и Team GB ја завршија трката петти и шести во GTE-класата. Победничкиот тим Triple A Esports исто така возеше BMW M8 GTE.

Големи триумфи во класата GTD постигнаа Лорин Хајнрих, Кај Кашубе и Нилс Кох. Триото од тимот BS+COMPETITION триумфираше со BMW Bank M4 GT3 и ја постигна првата голема победа за BMW Motorsport SIM Racing Team во самиот почеток на сезоната. Следна iRacing Special се 12 часа Батхерст на 27-ми февруари.

Formula E: Accelerate

На 28-ми јануари, тимовите Redline и Team GB првпат учествуваа во виртуелната Формула Е. На настанот „Formula E: Accelerate“ стартуваа Кевин Сиџи (Словенија) и Бетар Брљак (Хрватска) во BMW iFE.21 на патеката во Њујорк. Сиџи, минатогодишниот шампион во „ABB Formula E Race at Home Challenge“, возеше одлично и трет ја заврши трката. Тој воедно освои и бод во шампионатот со извозувањето најбрз круг. Втората трка е на 4-ти февруари.

Дигитална маратонска серија на Нирбургринг

BS+COMPETITION и Team GB, на 16-ти јануари во рамките на дигиталната маратонска серија на Нирбургринг (DNLS) ги освоија третото и четвртото место при официјалната премиера на виртуелниот BMW M4 GT3 во iRacing. Победија MAHLE RACING TEAM, кои исто така учествуваат со BMW M4 GT3. Следната трка се вози на 20-ти февруари.

SimGrid Endurance Cup

Тимот G2 Esports уште на 9-ти јануари го означи почетокот во SimGrid Endurance Cup на платформата Assetto Corsa Competizione. Нилс Наујокс и Артур Камерер се држеа добро на 4-те часа на патеката Золдер со BMW M6 GT3, но поради технички проблем на самата симулација во боксот загубија многу време и го пропуштија топ-тен. Следната четиричасовна трка се вози на 6-ти февруари, на Пол Рикар.

Тркачите во виртуелниот свет имаат ист волан како во реалниот BMW M4 GT3

BMW Motorsport SIM Racing во декември лани во рамките на дигитален пренос на BMW SIM имаа голема светска премиера, претстсавувајќи го технолошкиот трансфер од реалниот во виртуелниот мотоспорт. Во соработка со производителот на сим-хардвер Fanatec е развиен специјален волан за BMW M4 GT3. Тоа е прв волан од ваков вид што функционира и во тркачкиот болид и во симулаторот.

Воланот ќе пристигне во сим-светот во вториот квартал годинава. За почетокот на продажбата се подготвува и документарен филм за развојот на хибридниот волан, што ги соединува двата света. За точната цена и техничките детали ќе биде објавено подоцна.

>>> BMW M5 CS со трето ракетно полнење

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мак Аутостар најдобар дистрибутер за Mitsubishi во Европа

Мак Аутостар најдобар дистрибутер за Mitsubishi во Европа

Секој маркет на германски Kaufland до 2028 година ќе нуди полначи за електрични автомобили

Секој маркет на германски Kaufland до 2028 година ќе добие полначи за електрични автомобили