за

Студија: Volkswagen в година станува лидер во електромобилноста

Банката UBS цени дека Volkswagen е конкурентен за Tesla и репер е за останатите производители во делот на електромобилноста.

Првиот човек на центарот за автомобилизам на швајцарската банка UBS, Патрик Хумел, заклучува во студијата: „Електричната -платформа MEB на Volkswagen е конкурентна за Tesla и репер е за останатите производители на автомобили.

Во рамките на студијата на UBS насловена „ID.3 teardown: The biggest EV opportunity – Buy“, стручни лица го расклопија електричниот Volkswagen ID.3 до најситен дел. Експертите врз основа на тоа оценија дека модуларната платформа за електричен погон MEB е влезницата на Volkswagen во ерата на електромобилноста.

Со објавувањето на студијата, аналитичарите на UBS ја подигнаа 12-месечната цел за акциите на Volkswagen за 50 проценти, од 200 на 300 евра. Нивната препорака за акциите на авто-концернот гласи: Купувај. На тоа соодветно одговори и шефот на концернот, Херберт Дис, кој на својот профил на Linkedin напиша: Пазарот чекаше на нашата електрична офанзива и на доказите за нејзината успешност.“

Главните заклучоци на студијата:

  • Платформата MEB, темел на електричната офанзива на Volkswagen, во поглед на трошоците е целосно конкурентна во однос на американскиот електро-пионер Tesla.
  • Volkswagen достигнува врвни вредности во поглед на ефикасноста, скалирањето и енергетската густина на батеријата.
  • Во поглед на трошоците за батериските ќелии, Volkswagen ID.3 со цена од околу 100 американски долари по киловатчас е во светскиот Топ 3.
  • Електричните автомобили на водечките производители, како Volkswagen, до 2025 година ќе го достигнат нивото на трошоци и маржите како кај денешните модели со обичен мотор.
  • Во софтверската платформа и во еко-системот, Volkswagen моментно е зад Tesla – во споредба со останатите докажани производители на автомобили, Volkswagen сепак го достигнува врвот.

Анализата на ID.3 покажа дека Volkswagen разви чисто електрична платформа со најнова технологија. Таа му овозможува на концернот да нуди атрактивни електрични возила во целата своја моделска гама и да постигне позитивен резултат (EBIT). UBS цени дека Volkswagen веќе во 2022 година ќе стане светски ко-лидер во чисто електричните возила, со потенцијал да го зголемува пазарниот удел.

Концернот до 2025 година вложува 35 милиони евра во електромобилноста. Лани сите марки од концернот продале 231.600 автомобили чисто со електричен погон, што е трипати повеќе од 2019 година. До крајот на деценијата, концернот ќе нуди околу 70 чисто електрични модели, од кои 20 веќе се во фаза да стартуваат на пазарот или веќе се нудат.

>>> Volkswagen лани продал 422.000 електрични и хибридни автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes воведува услуга за директно плаќање гориво од автомобилот

Романија нарача 123 електрични автобуси од Solaris