Дамите ценат дека Škoda Octavia е најдобар семеен автомобил

Прва победа на Škoda во изборот во којшто гласот го имаат само жени. Меѓународното жири го сочинуваат 48 автомобилски новинарки од 38 држави. Octavia продолжува во финалето, кога ќе се објави кој е најдобриот од сите модели во годинешниов избор.

Škoda Octavia победи во светскиот избор за Дамски автомобил за 2020 година, во категоријата на семејни автомобили. Чешкиот производител првпат победува на изборот што годинава одбележува една деценија постоење. Како победничка во една од деветте категории во изборот, Octavia останува во игра за главната титула, за Светски автомобил на годината во избор на дамите. За датумот, секако дека тоа ќе биде 8-ми март, Меѓународниот Ден на Жената.

Четвртата генерација на Škoda Octavia во споредба со претходничката прикажува поемотивен дизајн, повеќе простор во кабината, подобрен комфор, највисока активна и пасивна безбедност и најпредни можности за поврзување. За чешката (комби)лимузина да биде одличен семеен автомобил придонесува високата функционалност и бројните симпли-клевер детали.

Производителот понатаму додава дека Octavia е штедлива и чиста, нудејќи најразновиден избор во историјата на моделската серија. Таа е достапна како лимузина и комби, со бензински или дизел мотор, со погон на метан и како приклучен хибрид, односно како благ хибрид. Може да се избере и изведба со погон на сите тркала. Дијапазонот на моќноста се движи од 110 до 245 КС.

>>> Тест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style

https://www.instagram.com/p/CLu2Siuhj_e/

Претходна објаваВо фабриката на Mercedes во Берлин ќе се „произведува“ софтвер
Следна објаваСалон за премиум користени од марките Audi и BMW се придружува на салонот за Mercedes

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here