Салон за премиум користени од марките Audi и BMW се придружува на салонот за Mercedes

Premium Used лани отпочна сосем нов сегмент во продажбата на користени возила во Македонија, откако во престижниот објект пред Мак Аутостар беа понудени релативно нови користени возила од марката Mercedes-Benz, во ценовниот сегмент што бара и соодветно високо ниво на организација и услуга при продажбата. Бизнисот се шири, отворен е втор салон, во кој моментно се изложени Audi и BMW.

Втор салон на Premium Used, со понуда од „млади“ користени возила од марките Audi и BMW, покрај првиот салон, што беше отворен лани, со понуда специјализирана за Mercedes. Станува збор за услуга со којашто се покрива делот од сегментот, во којшто уште се тргува со „премиум“ цени, и тоа бара на клиентите да им се понуди услуга различна од таа што ја имаат автоплацевите или приватните продавачи.

Од Premium Used објаснуваат дека нивната главна цел е „на купувачите да им се понуди поголем избор и сигурност при носењето на одлука за купување на користено возило“. Предизвикот за Мак Аутостар, една од најстарите автомобилски компании во Македонија и увозник на Mercedes, Mitsubishi и др. брендови, беше да се понуди повисоко ниво на услуга и на пазарот на користени возила во Македонија.

Новиот салон за BMW и Audi ги применува истите стандарди како салонот за Mercedes, што значи дека понудата ја сочинуваат користени возила кои не се постари од 5 години и имаат мал број изминати километри.

https://photos.app.goo.gl/cjnWLZWCNzFiAWaR7

Услугите што ја разликуваат понудата на Premium Used се бесплатно сервисирање и 6-месечно бесплатно отстранување на евентуални дефекти. Секое возило, пред да биде понудено во салонот, детално се прегледува во сервисна работилница и возилото се предава на идниот сопственик во исправна состојба.

На клиентите им се нуди и бесплатна регистрација, како и полирање и хемиско чистење на внатрешноста.

Понудата на Premium Used може да се погледне на вебсајтот – www.premiumused.mk .

https://photos.app.goo.gl/BTSFat6M2GRjMBqy9

https://photos.app.goo.gl/48rgXa1two77nudY6

https://photos.app.goo.gl/iwbESv12DBABMTJFA

https://photos.app.goo.gl/t32pTaLzekQ3oL9SA

https://photos.app.goo.gl/yP1yH4wyGL2VxhbE6

>>> Мак Аутостар прави и продажбата на користени да биде премиум

Претходна објаваДамите ценат дека Škoda Octavia е најдобар семеен автомобил
Следна објаваVW Bulli првпат како модел-автомобил од Playmobil

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here