VW Bulli првпат како модел-автомобил од Playmobil

VW Bulli првпат се нуди како модел-автомобил од Playmobil, во размер 1:18. Посебноста на мини-бусот е во присуството на бројните ситни детали, кои се задржани од оригиналниот T1 од 1962 година, во изведба како возило за кампување.

Playmobil има нов автомобил во својата понуда: Volkswagen T1 Camping Bus, намален 18 пати од оригиналното комбе, но затоа со задржување на сите детали. Колекционерите ќе се радуваат на мини-верзијата на Bulli, којашто е изработена во комбинација од беж и црвена боја. Специјалистот за минијатури од Цирндорф, Баварија, задржа бројни детали од оригиналното возило, при што имаше блиска соработка со Volkswagen.

Модел-автомобилот е изработен според вистински салонски примерок од 1962 година, имено од T1 Camping Bus „Henrik the Red“, кој денес е дел од колекцијата на историски возила на марката комерцијални возила на Volkswagen. Минијатурата исто располага со клупа што се подигнува, а функционираат и масата и полиците. Во нив дури се поставени минијатури на прибор за јадење и чинии. Секако дека и под задниот поклопец е сé исто како во оригиналниот Bulli: Таму „работи“ четирицилиндарски боксер мотор.

Bulli се покажа како вистински погодок на Playmobil. Бројните фанови на светот на минијатурите, масовно објавуваа фотографии и видеа од „Camping Bus“, новиот член на нивната вредна збирка, на кого тие посебно се горди.

Уживањето во вистинскиот Bulli е можно и во вистинскиот свет, надвор од светот на Playmobil. Низ светот постојат бројни фирми, што изнајмуваат оригинални примероци од историското комбе на Volkswagen, кое ужива сличен култ како Beetle.

https://www.instagram.com/p/CK6Lsp3MGEA/

https://www.instagram.com/p/CKrVjVJHarh/

Претходна објаваСалон за премиум користени од марките Audi и BMW се придружува на салонот за Mercedes
Следна објаваНа струја четири од секои 5 нови автомобили во Норвешка во февруари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here