Од производствените ленти во матичната фабрика на Škoda во Млада Болеслав денес се симна двомилионитиот СУВ-модел на чешката марка. Kodiaq, Karoq и Kamiq лани учествувале со 40% во вкупната продажба на возила од марката.
Актуелното поглавје со СУВ-моделите на Škoda беше втемелено со Yeti во 2009 година. Моделот што на македонските улици е мошне присутен, меѓу другото благодарение и на неколкуте стотини примероци во служба на полицијата, остана во понуда на Чесите до 2017 година. Вкупната продукција на Yeti заврши со 685.500 примероци.
Заминувањето на Yeti го означи и почетокот на актуелната офанзива. Уште во истата година се појавија два СУВ-модели, Kodiaq и Karoq. Тие го поседуваа генот на класичните модели на Škoda, вклучувајќи емотивен дизајн, просторност и практичност, надоврзувајќи се одлично на успехот на Yeti. До денес се произведени околу 593.600 примероци од Škoda Kodiaq и уште 454.800 примероци од Škoda Karoq.
Во 2019 година пристигна и третиот модел, Škoda Kamiq, како основен модел во СУВ-понудата. Двомилионитиот СУВ на Škoda е воедно и 250-илјадитиот произведен примерок од Kamiq. Чешката марка нуди голема разновидност во гамата на Kamiq, кој е достапен во нивоата Active, Ambition и Style. Спортска нота на компактниот СУВ му дава варијаната Monte Carlo. Во спротивниот правец, во теренските својства, се издвојува друга варијанта, Scoutline.
Каде сé Skoda ги произведува своите СУВ-модели низ светот:
https://photos.app.goo.gl/Bhfr6HRjJr9b2MDz8
Вистинското крунисување на СУВ-гамата се случи во септември лани, за 125-годишнината од основањето на марката. Во прага беше претставен електричниот Škoda Enyaq iV, како прв модел на марката, базиран врз новата платформа MEB, наменета само за возила со погон на струја.
Enyaq iV е воедно и единствениот модел врз база на MEB што се произведува надвор од Германија. Електричниот СУВ се нуди во изведба со заден или со погон на сите тркала, со три различни големини на батерија, со моќност меѓу 109 и 225 kW (148 до 306 КС), и со досег над 520 километри. До денес во Млада Болескав се проиведени околу 1.100 примероци од Enyaq iV.
Двата милиони примероци од СУВ-моделите на Škoda
· YETI 684.500
· Kodiaq 593.600
· Karoq 454.800
· Kamiq 266.000 (заедно со Kamiq GT во Кина)
· Enyaq 1.100
>>> Фолксвагенова симфонија број 8 во MQB-мајор

















