за

Lidl повторно нуди лизинг на автомобил во Германија

Откако понудата за Fiat 500 беше буквално разграбана, со цените со кои италијанското мини се нудеше за користење преку синџирот супермаркети Лидл во Германија, следи продолжение.

На возачките и возачите не им пречи ако автомобилот е премал, ако тоа важи и за цените. Таков беше случајот со Fiat 500 во „фамозниот“ Lidl . Германскиот гигант со супермаркети сега нуди на приватен лизинг многу посериозен автомобил, Kia Stonic.

Лидл-автомобилот влегува во нов круг. Така германскиот синџир супермаркети Lidl, во последно време многу актуелен во соседна Србија, но уште повеќе кај нас, ја рекламира новата понуда на автомобил за своите клиенти. Kia Stonic во понудата на Lidl е иста како секој друг примерок од градскиот СУВ-модел, а тоа меѓу другото значи и дека за него важи 7-годишна гаранција. Lidl го нуди автомобилот по сензационално ниска цена на месечна рата на лизинг. Со екстра месечна доплата се добива понапреден пакет, во којшто се вклучени уште осигурување, или одржување и замена на потрошните делови.

Месечната рата на новиот „лидл-автомобил“ почнува од 135 евра, при рок на отплата од 4 години, за верзијата на Kia Stonic со 1,0-литарски турбо-бензинец со 100 КС и со ниво на опрема Vision. Бојата на каросеријата е аурора црна металик, што уште повеќе ги нагласува алу-тркалата. Километражата е ограничена на 10.000 километри годишно. Секој километар над тоа се плаќа по седум центи.

Испораката е за 2 до 3 месеци. Кој сака и пакет каско осигурување, тоа чини 77,02 евра месечно, а екстра сервисен пакет би чинел уште 34,01 евра месечно. Во вториов пакет, во соработка со Sixt, се вклучени сите сервисни прегледи и замени во редовниот сервис, како и пропишаните поправки, на пример, замена на сопирачките плочки, дискови и сл.

Четири години користење на Kia Stonic, ќе ги чини клиентите на Lidl вкупно 6.475,20 €. Вредноста на автомобилот што е предмет на лизинг изнесува 21.096,32 € и таа фигурира главно при одредувањето на цената на осигурувањето. За четири години, корисникот на „лидл-автомобилот“ ќе плати 48 рати по 135 евра, односно вкупно 6.575,20 евра.

По истекот на рокот на лизингот, автомобилот едноставно се враќа во Lidl, можност за откуп на возилото по истекот не се предвидува во овој случај.

>>> Супермаркетите се „бензинските станици“ на иднината

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Два милиони СУВ-возила од Škoda

Volvo C40 Recharge е шведскaта „Tesla“, ќе се продава само онлајн