Тринаесет стартап компании со натпреваруваат нивните 15 проекти за мобилност да доживеат примена во секојдневието. Porsche досега има потпомогнато 80 проекти на „Стартап Аутобан“, од кои една третина доживеале примена во сериското производство.
Електричниот Porsche Taycan секако дека е главна мета на иноваторите. Стартап компаниите SevenD и Visometry создадоа виртуелен прирачник за автомобилот, со користење на унапредена реалност (AR). Два проекти разви компанијата Maaind. Тие имаат за цел да направат возачот да се чувствува уште попријатно во Porsche.
Деветтото издание на саемот за иновативни идеи за мобилноста во иднината „Стартап Аутобан“ поради пандемијата се одржа целосно во виртуелна форма. Компаниите соработуваа со младите претприемачи без лични средби, но тимовите пак успеаја да изработат 15 пилот-проекти.
SevenD и Visometry развија апликација што овозможува Porsche Taycan да се запознае чекор по чекор, од полнењето на батеријата, до работата на рекуперацијата. Во изминативе години се постигна голем напредок во виртуелната реалност, а со тоа се овозможија нови начини за клиентите да ги запознаат своите возила. Апликацијата се развива на iOS и моментно е во тестирање. Овие функции во иднина може да ги очекуват и клиентите на Porsche.
Два проекти се на лондонскиот стартап Maaind, за возачите да се чувствуваат уште попријатно во спортските модели на Porsche. Се користат неуроадаптивни технологии, односно се мери менталната состојба. Првиот проект е апликација Feel-Good-Coach, којашто го следи расположението, односно стресот на возачот. Тоа се врши преку гласот на возачот и податоците од преносен уред, на пример, паметен часовник.
Замислата со апликацијата е возачот да се концентрира повеќе на возењето. Врз основа на податоците, апликацијата му предлага на возачот совети за намалување на стресот. При возењето, аплиакцијата предлага разни вежби со дишењето и медитациски вежби, или пак пушта смирувачки звуци.
Вториот проект е апликацијата Mood DJ, којашто низ игра го подобрува расположението на возачот, на пример, наведува на пеење. Возачот освојува бодови со смиреноста и релаксираноста додка пее. Апликацијата е развиена со алгоритми што ја мерат менталната состојба на возачот и врз основа на тоа автоматски се пушта соодветна песна.
Porsche обемно ги тестираше двата последни проекти и во случај на позитивна реакција на публиката, можно е апликацијата во иднина да се понуди како посебен производ на пазарот.
Спортската марка од Цуфенхаузен е дел од Стартап Аутобан уште од 2017 година. Нејзината улога е на младите компании да им се овозможи изработка на прототипи, нивно тестирање и проверка дали е можна сериска реализација на проектите. Во „аутобанот“ учестуваат компании од Југот на Германија, покрај Porsche, активни се и Daimler, Универзитетот Штутгарт, Arena 2036, Hewlett Packard Enterprise, DXC Technology, ZF Friedrichshafen и BASF.
https://www.instagram.com/p/CLqwXEICGxX/
>>> Во новата соработка меѓу Porsche и TAG има многу историја
















