за

И тој беше бестселер: Mercedes-Benz 170 V

Неговата премиера беше во февруари пред 85 години. Mercedes 170 V се издвојуваше со напредната техника, тој беше и прв модел беше произведен по војната.

mercedes 170 v

Mercedes-Benz на 15-ти февруари 1936 година го претстави 170 V (W 136) на салонот за автомобили и мотоцикли во Берлин. Моделот за 50-годишнината од првиот автомобил на Карл Бенц и Готлиб Дајмлер беше бестселер, вкупно се произведоа 140.386 примероци.

На почетокот на продажбата на Mercedes-Benz 170 V во март 1936 година беа достапни шест каросериски изведби – лимузини со две и четири врати, кабрио-лимузина, отворен турер со две врати (во 1938 година беше заменет со верзија со 4 врати), кабриолет B и родстер со две седишта. Во мај 1936 година се приклучи и спортски елегантниот кабриолет А. „Гола“ шасија чинеше 1.850 марки, за лимузината со четири врати беа потребни 3.850 марки, најсклап беше родстерот со две помошни седишта, за 5.500 марки. Моделот беше за 600 до 1.000 марки поскап од Mercedes 170.

Производството беше прекинато во ноември 1942 година, поради војната, по 91.048 изработени примероци од 170 V. Тоа беше најпродаван модел на Mercedes дотогаш. По војната беа изработени уште 49.367 примероци до 1953 година, односно вкупно 83.190 примероци вклучувајќи ги 170 D и 170 Db.

Mercedes 170 V во 1930-те и 1940-те беше исто што е денешниот E-Class

Во јули 1947 година во Зинделфинген започна производството на изведбата со четири врати 170 V (W 136), како прв патнички автомобил на Mercedes-Benz по војната. Од него практично почнуваат корените на денешната E-Class, иако Mercedes уште во почетокот на 20-от век произведува модели од вишата средна класа.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Целта при развојот на 170 V беше да се изработи подостапен и помодерен модел од 170 (W 15, 1931 до 1936), со четири место со шест цилиндри, но пак вреден за името. Буквата V во ознаката се однесува на положбата на моторот – од „Vorne, односно напред. Наспроти тоа, моделот 170 H, кој исто доживува премиера во Берлин во 1936 година, има мотор назад (H = Hinten) и наследник е на Mercedes-Benz 130 (W 23).

Со рамката со цевки со овален профил во форма на X, новиот Тип 170 V е за 80 килограми полесен од претходникот 170. Предните тркала имаат независно водење, секое со посебни листести пружини, додека назад работи двозглобна осцилирачка оска. Каросеријата е комбинација од дрвени ребра и ламаринени панели.

Рекламата за Typ 170 V порачува: „Продадени над 40.000 примероци, од Mercedes-Benz од ниската ценовна класа…Сјајни возни својства, со осцилирачки оски напред и назад, со издржлив, речиси нечуен 4-цилиндарски мотор што „лебди“, изненадувачка удобност и просторност, најубави каросерии за сите потреби и намени – и достапна цена!“

New photo by Automedia MK / Google Photos

Четирицилиндарскиот мотор M 136 во почетокот е замислено да има зафатнина од 1,6 литар, но кусо пред стартот на производството е решено таа да се зголеми на 1,7 литар. Моторот со 28 КС е влежиштен „во гума“, заради придушување на вибрациите.

Третата премиера на саемот во Берлин во 1936 година ја има Mercedes-Benz 260 D (W 138) – тоа е првиот сериски автомобил со дизел мотор. Во јубилејната 50-та година од првиот автомобил во историјата, Mercedes во октомври го претставува и луксузниот Mercedes-Benz 540 K (W 29) со 180 КС, исто како и новиот Тип 230 (W 143).

На саемот за техника во Хановер во 1949 година доживува премиера верзијата со дизел мотор 170 D (W 136 I D). Уште еден модел што ја носи оваа бројка во ознаката е 170 S (W 136 IV), но тој има поголема каросерија од 170 V и истата во целост е изработена од челик. Со овој модел, Mercedes првпат по војната зачекорува повторно во сегментот на вишата класа.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Mercedes C-Class традиционално e празник за автомобилската сцена

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche ги потпомага младите фирми со добри идеи

volkswagen id 4 амблем

Volkswagen од летово ќе произведува по 1.400 електрични автомобили дневно во Цвикау