Kia во јануари со рекордни 4,0% удел во Европа

kia рекорден удел јануари 2021

Во првиот месец од 2021 година, Kia продала 33.971 автомобили на европскиот пазар. Вкупниот број на продадени автомобили на корејската марка во минатиот месец бил помал отколку лани во јануари, но намалувањето на пазарот на Kia било двојно помало отколку на конкурентските марки.

Kia во јануари постигна историски рекордно учество на европскиот автомобилски пазар. Според податоците што денес ги објави европското здружение на производители на автомобили, учеството на Kia во вкупниот европски пазар во јануари изнесувало 4,0 проценти. Лани Kia учествувала на пазарот со 3,5 проценти.

Вкупниот број на продадени возила на Kia во јануари изнесува 33.971 примероци. Тоа е за 10,4 проценти помалку во споредба со првиот месец лани. Но, се покажа дека кризата помалку влијаеше врз продажбата на Kia отколку на останатите марки. Целиот европски пазар во јануари опаднал за 25,7 проценти. Соодветно на тоа порасна и уделот на Kia, на 4,0 проценти.

Џејсон Јонг, претседател на Kia Europe, коментира: „Пазарот на нови автомобили продолжува да поставува тешки предизвици, како за Kia, така и за индустријата. Нашите продажни тимови и дилерите ширум Европа работеа многу напорно за бизнисот да го одржат во форма и да им испорачаат нови автомобили на клиентите. Доказ за нивната одлична работа е тоа што Kia постигна историски рекорден удел во Европа.“

>>> Kia Sorento е „Најдобар новитет за 2021“ според Autotrader

Претходна објаваХамбург доби 800 електрични VW ID.3, се изнајмуваат на улица
Следна објаваНа купувачите не им се чека електричен модел, расте интересот за бензинци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here