Lexus LS 500h на хибридна супспецијализација

lexus ls 500h

Неколку дотерувања во новото моделско годиште на на топ-моделот на Lexus LS 500h водат до помеко и потивко забрзување, а од друга страна се добива уште поубедлива реакција кога ќе се побара полната моќ од хибридниот погон.

Инженерите на Lexus си признаа едно нешто. Знаменосецот LS 500h се однесува совршено во поглед на возните својства. Во тој поглед, јапонската лимузина од рангот на S-Class, А8 и Серија 7 не претрпе промени. Затоа, пак, јапонските техничари со својот немирен инженерски дух успеаја да го пронајдат и најмалиот простор за подобрување во веќе совршениот хибриден погон, во Multistage Hybrid Drive.

Главниот зафат беше во зголемувањето на моќноста на литиум-јонската батерија. Тоа овозможи Lexus LS да добие уште посилна електрична поддршка, односно да се постигне уште помеко и потивко забрзување, без често менување на степените и без нагли промени во бројот на вртежи на моторот. Возачот сега подобро ја чувствува влечната моќ, вртежниот момент што го произведува погонот.

https://photos.app.goo.gl/bejWN7u71MoEwkfS9

Простор за мали дотерувања беше пронајден по анализата на навиките на милиони возачи ширум светот, при забрзување. Таа покажа дека во 90 проценти од времето, возачите користат помалку од 50 проценти од моќноста на моторот. За тоа време не се појавуваат центрифугални сили што се поголеми од 0,3 g. Поради тоа, тимот што го создаваше LS се посвети да го подобри начинот на ослободување на моќноста и на вртежниот момент при ниски брзини. Промените доведоа до тоа, LS да реагира побрзо, на пример, при поаѓање од место, при забрзување во густ сообраќај и при возење по кривулест пат. Моќта сега се ослободува рамномерно со зголемувањето на бројот на вртежи.

Повеќе ангамжан на електромоторот со помалку напор за моторот води кон помирно и потивко возење во Lexus LS 500h

Зголемено е искористливото подрачје на високонапонската батерија, со што се смалија разликите во погонската сила пред и по менувањето степен, односно се постигна помеко чувство при забрзувањето. При 20 km/h, односно при педала за гас притисната до 40%, сега стојат на располагање дополнителни 170 Nm. Бидејќи електромоторот се ангажира повеќе, моторот 3,5 V6 може да работи со пониски вртежи. При забрзувањето од место до 100 km/h и при педала притисната 40 проценти, на преработениот Multistage Hybrid Drive му се потребни 500/min помалку.

https://photos.app.goo.gl/A6qchdUe2KJurAPr5

Во комбинација со модифицираните точки на промена на степен на пренос, во иднина нема да се случуваат ненадејни осцилации на бројот на вртежи на моторот при забрзување. Лимузинатга вози помирно и попријатно. Подобрениот комфор и смирената работа ќе се почувствуваат најдобро при градски сообраќај, како и при вклучувањето на моторот по минување одредена рута со погон на струја.

Моќноста остана непроменета. Multistage Hybrid Drive постигнува системски 359 КС и овозможува забрзување од место до 100 km/h за 5,4 (со заден погон) односно за 5,5 секунди (со погон на сите тркала).

https://www.instagram.com/p/CJ-5InODveT/

>>> Топ 10 Најприродни ситуации за Lexus RX 450h … и 10 други

Претходна објаваЗапнала Мара да избира автомобил на годината во Македонија
Следна објаваДвестотини примероци од електричниот камион Fuso возат ширум светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here