По три години од почетокот на малосериското производство, лесниот електричен камион Fuso eCanter надмина продукција од 200 примероци. Клиенти во 11 во градови, во Њујорк, Токио, Берлин, Лондон, Амстердам, Париз, Даблин, Осло, Копенгахен, Хелсинки и Лисабон, ги користат електричните камиони во доставата на стока во центарот на градот.
До февруари, повеќе од 40 примероци од Fuso eCanter се испорачани во САД, над 60 во Јапонија и преку 100 во Европа. Овие возила досега имаат поминати вкупно 3 милиони километри. Тоа е исто како Земјата да се обиколи 75 пати. Уште поважно, ова растојание е поминато без ниту грам штетни материи, чисто на струја.
Камионот со вкупна тежина од 7,49 тони постигнува досег од преку 100 километри и посебно е наменет да достава на стока во строгото подрачје на бројни градови ширум светот, во коишто е забранет пристап на камиони со обичен погон и штетна емисија. Fuso eCanter се одликува и со одлична носивост на шасијата од 4,15 тони. Камионот обично се користи за достава на ситна роба на куси растојание, за испорака на онлајн-нарачки, за пошта или во доставата на пијалоци.
Меѓу најзвучните клиенти во Европа се компаниите за логистика PostNL, Dachser, Deutsche Post DHL, Rhenus и DB Schenker.
Како пионер во подрачјето на електричните камиони, следниот чекор на Fuso е забрзување на електрификацијата на доставата на стока без штетна емисија. Во согласност со стратегијата на Daimler Trucks, до 2039 година сите нови возила во тријадата (Европа, Северна Америка и Јапонија) ќе бидат неутрални во однос на емисијата на СО2, во целиот синџир „Tank-to-wheel“.