Групацијата Škoda Transportation доби нарачка за 14 нови електрични автобуси што ќе сообраќаат во градскиот превоз во Прага. Чистите и тивки автобуси ќе дадат голем придонес за животната средина во чешката престолнина.
Škoda Transportation ја дели историјата со чешката автомобилска марка, но по преоѓањето на Škoda Auto во концернот Volkswagen, повеќе нема ништо заедничко меѓу двете компании. Вредноста на налогот изнесува 207 милиони круни, односно околу 8 милиони евра. Тоа е прва испорака на електрични автобуси, што Škoda Transportation ќе ја реализира во соработка со турската посестринска компанија Temsa.
Автобусите се дванаесетметарски, нископодни, со богата опременост, меѓу другото со целосно климатизиран простор, комфорни седишта, детален информациски систем и напреден менаџмент со енергијата за целата флота.
Во налогот спаѓа и техничка асистенција, во случај доколку има потреба од воведување нови функции на информацискиот систем или на енергетскиот менаџмент (на пр. далечински надзор на потрошувачката на енергија или следење на наполнетоста на батеријата). Исто така е опфатена замена на батериите, во случај на потреба, во целиот предвиден експлоатациски век на автобусите. Налогот опфаќа и софтвер и хардвер за дијагностика, како и електрични полначи за депото.
Електричните автобуси на Škoda поседуваат и пантограф на покривот, кој дозволува на одредени делници од возната линија да се полни батеријата додека автобусот е во движење.
Škoda Electric е меѓу најголемите производители на тролејбуси во Европа. Досега од компанијата се излезени над 14.500 тролејбуси, кои се испорачани во триесетина држави ширум светот, во Европа, Азија и Северна Америка.
Електричен автобус Škoda E’City
Конструкциски проектираната брзина изнесува 80 km/h. Досегот со полна батерија на E’City надминува 100 километри. Моќта на полнење изнесува до 150kW, а самото полнење се врши со користење на пантограф со два полови и со сопствен галвански изолиран полнач, директно од мрежата со 600V/750V DC. Преку ноќ, автобусите се приклучуваат на електричен полнач.
https://www.instagram.com/p/CJGMey7nvtF/
















