за

Daimler лани ја зголемил заработката на 4,0 милијарди евра

Финансиските резултати на концернот Daimler за лани се далеку подобри од очекувањата, покрај тешките предизвици во услови на пандемија.

daimler mercedes концерн

Концернот на Mercedes, Daimler, лани ја зголемил заработката за 48 проценти, на вкупно 4,0 милијарди евра. За годинава се очекува голем раст во продажбата, прометот и заработката. Повеќето акционери се сложуват околу одвојувањето на Daimler Truck како посебен огранок.

Daimler AG во минатата година продал 2,84 милиони автомобили и товарни возила, што е за 15% под нивото од преклани. Прометот се намалил за 11% на 154,3 милијарди €. Под строга дисциплина во поглед на трошоците и широк пакет мерки за задржување на ликвидноста, како и напредување во сите деловни подрачја, оперативната добивка се зголемила за 53% и изнесува 6,6 милијарди евра.

Како резултат од добрата работа на концернот, на акционерското собрание на 31-ви март годинава ќе биде предложена дивиденда во висина од 1,35 евра по акција. За таа ставка ќе биде исплатена 1,4 милијарда евра.

Претстои одвојување на Daimler Truck како посебна компанија, којашто ќе поседува целосна независност и ќе располага со сопствена структура на менаџментот, вклучувајќи независен претседател на надзорниот одбор. Трасакцијата и нотирањето на Daimler Truck на бранкфуртската берза на хартии од вредност се очекува да биде завршена пред крајот на годинава.

Концернот Daimler во меѓувреме ќе се преименува во Mercedes-Benz. Сите детали ќе им бидат претставени на акционерите на посебно собрание во третиот квартал годинава, пред да се побара нивно одобрение за планот.

Материјалните инвестиции лани биле намалени за 20% и изнесувале 5,7 милијарди евра. Издатоците за истражување и развој исто биле намалени за 11% на 8,6 милијарди евра. Нето ликвидноста на индустрискиот бизнис се зголемила на 17,9 милијарди €.

Продажбата на Mercedes-Benz Cars & Vans се намалила за 13% на 2.461.800 возила. Прометот изнесува 98,6 (2019: 106,9) млрд. €. EBIT изнесува 5.172 милиони €, маржата е 5,2%. Продажбата на Mercedes-Benz Cars посебно, се намалила за 13% на вкупно 2.087.200 патнички автомобили, додека Mercedes-Benz Vans продал за 15% (374.600) помалку доставни возила.

Просечната емисија на СО2 од новите возила на Daimler во Европа се намалила на 104 g/km (2019: 137 g/km NEDC). Со тоа се исполнети целите за намалување на емисијата на СО2 што ЕУ ги поставила за концернот за минатата година. Огранокот Daimler Trucks & Buses продал за 27% помалку возила (378.500) и реализирал 34,7 млрд. € промет.

Mercedes-Benz Cars продолжува стратегијата за електрификација на моделската понуда и по EQA годинава ќе ги претстави уште EQS, EQB и EQE, а паралелно ќе се зголемува и понудата од модели со приклучен хибриден погон.

daimler деловно работење концерн q3

>>> Mercedes порачува „унапредете си ја зоната на комфор“ ; Нова C-Class на 23-ти

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda E’City

Škoda ќе испорача електрични автобуси во Прага

отпад автомобили - избор на автомобил на годината во Македонија

Запнала Мара да избира автомобил на годината во Македонија