Невообичаено студеното време и големите снежни врнежи привремено го онеспособи производството во повеќе фабрики за автомобили во САД.
Најголемиот американски автопроизводител, General Motors, ја прекина работата во најмалку четири фабрики во својата мрежа, на неодредено време. Неизвесно е кога фабриките ќе продолжат со производство.
Со иста ситуација се соочува и ривалот Ford. Производството моментно мирува во најмалку четири фабрики. На 22-ри февруари ќе им се придружи и фабриката во Канзас Сити, за метанот што обично се користи за греењето, да им се стави на располагање на домаќинствата, кои добиваат приоритет за затоплување. Во останатите фабрики ќе се работи со намален број на смени.
Toyota ги откажа утринските работни смени во своите фабрики во Индијана, Кентаки, Мисисипи, Тексас и Западна Вирџинија. Работата во фабриката во Алабама започнала со четиричасовно доцнење. Во текот на денот во компанијата ќе се решава околу натамошното постапување.
Во Nissan, лентите мируваат уште од понеделникот. Fiat Chrysler исто така ги изостави раните работни смени, но останатите смени ќе се одвиваат редовно. Subaru од денес продолжува со производство. Фабриката што Tesla ја гради во Тексас, според објавата на твитер профилот на компанијата, целосно е прекриена со снег и мраз. Патниот сообраќај е затворен и нема струја.
>>> Внимателно за дизелот да не замрзне при претстојните студови
Winter at Giga Texas pic.twitter.com/eqL8lPICKe
— Tesla (@Tesla) February 16, 2021
Winter at Giga Berlin pic.twitter.com/ZyUwqWWY7S
— Tesla (@Tesla) February 13, 2021
















