Toyota среде Америка произведе 30 милиони автомобили

Toyota среде Америка произведе 30 милиони автомобили

Возилото за одбележување на јубилејот е миниванот Toyota Sienna, кој неодамна беше темелно освежен – и секако, во варијанта со хибриден погон. Со блендирање и свирење по нашуштањето на производствената лента, популарниот модел во земјата се впиша во историските книги на Toyota.

Toyota е присутна на пазарот во САД подолго од 60 години. Побарувачката за моделите на јапонскиот производител растеше постојано, така што Toyota во 1986 година почна и со локално производство, прво на Corolla. Возилата тогаш се произведуваа во рамките на заедничката компанија New United Motor Manufacturing, Inc.

Денес возила на Toyota се произведуваат во 10 фабрики во САД и вкупно 14 на целиот континент. Јапонскиот производител стартуваше со нов инвестициски план во 2017 година, кој до крајот на годинава ќе достигне вкупно 13 милијарди долари. Во рамките на тој план се отворија и повеќе од 6.500 нови работни места.

Лани во Индијана започна производството на новата генерација на миниванот Sienna. Тој е еден од најамериканските модели на Toyota. Дизајнот потекнува од студијата во Калифорнија и Мичиген, додека развојот се одвиваше во центарот за развој и истражување во Мичиген.

Sienna првпат се нуди со хибриден погон, и таа е воедно единствен миниван што се нуди со „погонот на Toyota“. Фабриката во Индијана веќе 21 година во низа е најголем производител на автомобили со алтернативен погон, со близу 4 милиони возила произведени во периодот. Лани возилата со алтернативен погон учествуваа со 16 проценти во продажбата на Toyota во Северна Америка, за 23% повеќе од преклани. Toyota и Lexus моментно нудат 16 модели со хибриден, електричен и водороден погон.

https://www.instagram.com/p/CLFIQBMDf0X/

>>> Toyota 20 години го произведува Yaris во Франција

Претходна објаваAudi e-tron GT како будилник за ерата во којашто живееме
Следна објаваВнимателно за дизелот да не замрзне при претстојните студови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here