Rivian обезбеди уште 2,65 млрд. $ од инвеститорите

Ривиан ќе го награди извршниот директор Ар Џеј Скаринџ со пакет вреден до 4,6 милијарди долари, скроен слично како за Илон Маск.

Американската компанија Rivian, којашто подготвува неколку модели со електричен погон и ужива најголема финансиска поддршка од Amazon, обезбеди уште 2,65 милијарди долари од инвеститорите.

Новите милијарди долари на сметката на Rivian, освен од најголемиот онлајн-трговец во глобални рамки Amazon, пристигаат од голем број финансиски компании. Меѓу нив се Fidelity, Amazon, Coatue и D1 Capital Partners, покрај голем број постоечки и нови инвеститори.

Годинава е клучна за Rivian, поради претстојниот почеток на производството на електричниот пикапот R1T, СУВ-моделот R1S, но и на огромен контингент возила за достава што се нарачани од Amazon.

Со новата инвеститорска рунда, Rivian досега обезбеди околу осум милијарди долари, вклучувајќи го и вложувањето од автомобилскиот концерн Ford. Онлајн-трговецот Amazon нарача 100.000 електрични комбиња од Rivian, коишто се конструирани посебно за компанијата.

>>> Прв од 100.000 електрични фургони на Amazon до 2030

amazon elektricno kombe
amazon elektricno kombe

https://www.instagram.com/p/CJ6zYUiJ484/

Претходна објаваSuzuki ќе ги претстави новите мотоцикли на виртуелен салон
Следна објаваKia Rio со најдобра противвредност според американски Vincentric

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here